Преку 70 000 незаконски снимени разговори се пронајдени кај осомничените во случајот „Фабрика за афери“. Овие фајлови биле складирани на еден од надворешните хард дискови во фолдер именуван „СДСМ – Заев“.Фолдерот бил креиран во септември 2015 година, односно после потпишувањето на договорот од Пржино и обврската преземена од Зоран Заев за преземање на незаконски стекнатите материјали.
Сите разговори се незаконски снимени од македонски политичари, а од комуникациите кои досега се проверени постојат индиции дека имало и намера истите да бидат продавани во други држави. Како што и самиот се пофали Зоран Божиновски кој се крие во Србија, а во моментов е баран со потерница за случајот „Шпион“, веќе му биле доставени дел од незаконски снимените разговори.
Од досегашната истрага е потврдено дека освен Министерот Оливер Спасовски, во контакт со прво осомничениот од криминалната група, Захир Бекири викан Чауш, бил и лидерот на партијата Зоран Заев. Подолг период, почнувајќи од почетокот на годинава, двајцата имале интензивна комуникација. Според сознанијата на истрагата двајцата имале и средби во седиштето на партијата. периодот во кој се среќавале во голема мера се поклопува и со периодот на емитувањето на таканаречените бомби.
Со овие нови моменти во истрагата за „Фабриката за афери“ на СДСМ, станува повеќе од јасно зошто Заев одлучи да не го почитува договорот од Пржино и да ги прекрши законите со непредавање на материјалите. Со овие нови моменти се гледа и лагата и апсурдноста на неговите образложенија дека само Заев знаел колку било тешко 11 месеци да се чувале материјалите и само Заев можел да гарантира за нивната безбедност.
Предавањето на незаконски снимените материјали на Захир Бекири, според познавачи на состојбите јасно ги откриваат намерите на Зоран Заев. Преку медиуми од надвор да почне да се пласираат приватните разговори. Соочен со лошиот рејтинг и недовербата од страна на граѓаните, крајната цел на Заев, е одложување на изборите.
Неодамна и лично Заев заминал за Србија, а контакти со Божиновски имал и директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ, во чие претпријатие работи сопругата на прво осомничениот Захир Бекири – Чауш.
Фолдерот бил креиран во септември 2015 година, односно после потпишувањето на договорот од Пржино и обврската преземена од Зоран Заев за преземање