За време на својот мандат како државен секретар на САД, Хилари Клинтон ја разгледувала можноста за воена операција против основачот на „Викиликс“ со помош на дрон, се наведува на твитер профилот на овој сајт.Во соопштението на Викиликс се наведува дека додека била државен секретар на САД, Клинтон барала можност да го спречи објавувањето на 250 илјади тајни документи на сајтот. Поконкретно, Стејт департментот го разгледувал сценариото за напад на Асанж со помош на беспилотно летало, тврди интернет изданието „Тру пандит“, на кој се повикува Викиликс.
Сегашната кандидатка за претседател на САД се залагала за оваа опција.
„Зарем не можеме едноставно да го нападнеме со дрон?“, ги цитира зборовите на Клинтон анонимниот извор во Стејт департментот.
Се наведува дека Стејт департментот имал неколку состаноци на кои се разговарало како да се постапи со Асанж и што да се направи со неговиот сајт пред да бидат објавени „воените тајни за војните во Авганистан и во Ирак“, што беа најавени.
Според податоците на „Тру пандит“ и во Белата куќа, како и во други државни структури на САД инсистирале Стејт департментот да го реши проблемот колку што е можно побрзо. Овој портал наведува дека на состанокот на 23 ноември 2010 година, кога Клинтон го спомнала дронот, нејзините колеги се насмеале, но државната секретарка сериозно размислувала за оваа опција и го видела Асанж како „лесна мета“, истакнува порталот.
Освен предлозите на Клинтон, Стејт департментот ја разгледувал и можноста за нудење финансиска награда за оние кои ќе помогнат во фаќањето на овој Австралијанец и неговото испорачување во САД. Се разговарало за сума од 10 милиони долари.
По состанокот, помошникот државен секретар Ен Мери Слотер и пратила е-мејл на Хилари Клинтон и нејзините непосредни подредени, во чиј наслов пишувало: „За можни легални и нелегални стратегии во врска со Викиликс“.
Во прилогот на писмото е наведен и текстуален фајл, чија содржина не успеал да ја врати ни Викиликс, ниту државните истражувачи одговорни за истрагата за употребата на приватни сервери од страна на Клинтон чија цел биле тајни допишувања.Во соопштението на Викиликс се наведува дека додека била државен секретар на САД, Клинтон барала можност да го спречи објавувањето на 250 илјади та