По објавата во медиумите дека СДСМ една недела пред гласањето за парламентарните избори, преку невладини организации кои се под нејзина контрола поткупува гласачи Роми од Куманово со делење дрва, медиумите објавија нови детали за случајот.Информациите од МВР објавени во медиумите потврдуваат дека во склад за дрва во Куманово на ромски семејства им се делат дрва за огрев. Лицата од невладината организација кои се претставиле како хуманитарно здружение Исламско Романо Фралипе тврделе дека за акцијата која ја спроведувале во моментот имале проект за што бил запознаен и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, дотолку повеќе што со истиот имале договорена средба веќе за утре (5 декември) на која требало да биде потпишан договор не само за овој, туку и за други проекти.
Проектот кој требало да го спроведе невладината организација, а всушност е купување на гласови, предвидувало делење на 300 кубни метри дрво на 150 ромски семејства. Само во текот на вчерашниот ден биле поделени 66 кубни метри дрва на 33 семејства од ромска националност.
К.М. кој е еден од лицата на кои вчера им биле дадени огревни дрва, вели дека со партиска книшка од СДСМ на која со друго пенкало си го има допишано матичниот број, се легитимира. Истакнува и дека кога од СДСМ биле во посета на нивното маало им било речено „да се секираат за ништо бидејќи сега полицијата е под СДСМ“.
Невладиното здружение кои на СДСМ му служи како параван за поткуп на гласови, како што дознаваме од извори од истрагата, е формирано на 28-ми октомври годинава, што е уште една потврда дека СДСМ се подготвувала за поткуп за гласачи поради фактот дека во партијата се свесни дека нема да ги добијат изборите.
Ваквото потценување на граѓаните не е нешто ново кога СДСМ е во прашање. На изборите во 2011-та година, СДСМ шеташе од врата на врата и делеше локум, кафе и наполитанки за купување на гласовите на граѓаните.
Тогаш медиумите објавија дека СДСМ нарачал цели 12.000 килограми кафе и дистрибуирал до граѓаните повеќе од стотина илјади пакетчиња кафе.
Во 2011-та година во пресрет на изборите, коалициониот партнер на СДСМ Самка Ибраимовски им даваше расипано месо на Ромите за да гласаат за нив. Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која беше сместен изборен штаб на СДСМ.
Граѓаните Роми не можеа да го сокријат гневот и веднаш се упатија на протест на Бихаќка. Обвинија дека поради политички поени, челниците од опозицијата, сакаат да ги отрујат. Полицијата заплени месо сместено во два камиони ладилници во Шуто Оризари. Истото било со изминат рок од седум години и увезено во Полска и Данска.
Од направените проверки утврдено било дека сопственикот на ладилниците не поседувал никаков сертификат или декларација за месото. Исто така, немал документ кога и од каде е увезено во Македонија.
На локалните избори во 2013-та година, валкано во кампањата играше и кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Во јавноста се појавија фотографии на кои се гледаше како Наумовски дели брашно и други производи во пресрет на одлучувачкиот втор круг.Информациите од МВР објавени во медиумите потврдуваат дека во склад за дрва во Куманово на ромски семејства им се делат дрва за огрев. Лицата од не