Скандал: Продавале шолји од Кина а во нив….

Големо недоразбирање меѓу германска и кинеска компанија предизвика скандал во Германија. Германскиот ланец за покуќнина „Цурбруген“ се извини затоа што во продажба пушти керамички шолји на кои се наоѓа ликот на Адолф Хитлер.Според германските продавачи, се работи за недоразбирање со кинескиот добавувач кој ги изработувал шолјите во ретро стил. Освен ликот на озлогласениот нацистички лидер од поштенска марка, на спорните шолји се наоѓа и мотиви на цвеќиња, но и печат со забранетиот симбол „свастика“ или кукаст крст.
Минатиот месец во „Цурбруген“ од Кина стигнале пет илјади вакви шолји кои се продавале по цена од 1,99 евра. Дури 175 шолји биле продадени пред да биде воочена скандалозната грешка, за која ги информирале купувачите.

„Она што можеме да направиме е да ги повлечеме од продажба сите преостанати и да ги уништиме. Тоа е направено. При преземањето на пратките никој не го забележа спорниот мотив“, вели еден од сопствениците на германската компанија Кристијан Цурбруген.
Истовремено, компанијата ги повикува сите кои веќе купиле ваквите шолји да ги вратат, а за возврат ќе добијат ваучер во вредност од 20 евра.Според германските продавачи, се работи за недоразбирање со кинескиот добавувач кој ги изработувал шолјите во ретро стил. Освен ликот на озлогласен

Пронајдете не на следниве мрежи: