Екслузивно дознаваме веродостојни детали дека Лукас Холуб кој работи во мисијата на Европската Унија во Скопје, практично слугува за потребите на американската амбасада и неговиот неформален наредбодавач Џес Бејли.Иако амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар е вистинскиот наредбодавач, Лукас одработува како агент на американската амбасада во Скопје, па така во процесот на формирање на влада тој ја прифаќа улогата на маша на Бејли и вршење на притисок врз самата ДУИ во која е клучот за иднината влада.
Имено, Лукас Холуб по директива на Бејли секојдневно вршел притисоци врз раководството на ДУИ да се донесе одлука да се коалицира со СДСМ. Лукас, кој што практично дејствува како американски агент на американската амбасада употребувал различни методи на притисоци.
Лукас не го интересирал ниту принципот на коалицирање на победниците кај Македонците и Албанците, кој го заговараше и за кој збор даде самиот Али Ахмети, како и фактот што ќе се направи преседан влада да формира поразената партија кај Македонците.
Лукас иако бил свесен за долгорочните последици врз државата, но и самата ДУИ, инсистирал да се формира влада меѓу овие политички субјекти. Ваквото негово директно мешање во внатрешните политички работи на земјата преставува скандал, кој е дотолку поголем што амбасадор на Европска Унија настпаува како агент на американската амбасада во исполнување на личната агенда на Бејли против кого има покренато барање за сослушување пред конгресот од страна на повеќе американски конгресмени поради неговото пречекорување на овластувањата во вршењето на својата дејност во Македонија.
Освен скандалот што службеник на ЕУ делува како агент на американски амбасадор, Бејли прибегнува кон вакви индиректни методи бидејќи беше разоткриено неговото скандалозно дејствување на директно мешање и влијание.
Чиновникот во амбасадата на ЕУ, Лукас со ова врши и грубо дерогирање на системот во Македонија, каде странци одлучуваат за иднината на државата и граѓаните. Од ДУИ дознаваме дека се погласни се реакциите поради ваквото мешање на лица од надвор во кроењето на важните одлуки за партијата.
Извор: ИнфомаксИако амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар е вистинскиот наредбодавач, Лукас одработува како агент на американската амбасада во Скопје, па така во процес