Не стивнуваат скандалите околу новите решенија кои техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ги подели денес согласно законските прописи. На листата унапредени се најде и лице осудено за шпионажа.Кирил Соколов кој од денес доби унапредување во главен инспектор во Одделение 2 во Сектор 2 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот е лице кое е осудено на казна затвор во времетраење од 3 години.
Соколов е осуден за кривично дело шпионажа по член 316 став 3 од кривичниот закон на Македонија во чиј текст стои дека „Тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе се казни со затвор од една до десет години.“
Токму Соколов е обвинет за шпионажа во мега случајот Шпион. Тој е осуден на затворска казна во траење од 3 години. Соколов и до сега работел во МВР, но не бил разрешен од функцијата бидејќи се чекала правосилноста на неговата пресуда. Сега Спасовски го наградува со унапредување од причини кои се уште не се познати.
Во аферата „Шпион“ беа обвинети 19 лица. Освен за шпионажа и оддавање државна тајни, дел од обвинетите се товарат за злосторничко здружување, уцена, изнуда, измама и злоупотреба на службената положба. Обвинителството докажа дека дел од нив контактирале и одржувале средби со политичари, пратеници и министри од кои прибирале информации за важни политички прашања за кои биле заинтересирани странски разузнавачки служби.
Кирил Соколов кој од денес доби унапредување во главен инспектор во Одделение 2 во Сектор 2 во Оддел за заштита на уставното уредување и спротивста