Скандал во Чешка: „Министерот ми велеше дека изгледам вкусно“

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка, наредните денови ќе предложи разрешување на министерот за образование Марцел Хладек заради наводен мобинг врз подредените во Министерството, јави дописникот на МИА од Прага.Предлогот за разрешување доаѓа по текстот кој го објави дневниот весник Млада Фронта Днес (МФД), кој информираше дека за 16 месеци откако Хладек го води Министерството за образование 9 жени дале отказ, а десетата побарала неплатено отсуство.
Весникот објави изјави на вработени кои тврдат дека министерот употребувал навредливи зборови кон нив.
– Си заминав и поради неговите коментари. Ми велеше дури и дека изгледам „вкусно“ и тоа пред други луѓе што мене ми пречеше, ја цитира весникот поранешната асистентка Анета Лачевова, која со министерот подолго време соработувала и пред да стапи на функцијата.
Соботка до медиумите испрати соопштение во кое вели дека Хладек е еден од најдобрите министри за образование во последните десет години, но не може да ги занемари информациите кои ги објави медиумот.
Соботка додаде дека иако МФД не може да се смета за независен медиум бидејќи е во сопственост на претседателот на движењето АНО и министер за финансии Андреј Бабиш, сепак по такви информации не може функционер да остане член на Владата. Хладек ги отфрли обвинувањата за мобинг, тврдејќи дека е само строг шеф кој бара добро да се извршува работата.
Разрешувањето се очекува идната недела да го изврши претседателот на државата Милош Земан. Хладек ја извршуваше функцијата од јануари минатата година.Предлогот за разрешување доаѓа по текстот кој го објави дневниот весник Млада Фронта Днес (МФД), кој информираше дека за 16 месеци откако Хладек го

Пронајдете не на следниве мрежи: