Зимските олимписки игри се кулиси за крадење во невидени размери, тврди Џан-Франко Каспер, претседател на Меѓународната скијачка федерација. Швајцарскиот член на меѓународниот олимписки одбор јавно го рекол она во што голем број на Руси одамна се сомневаат. Претстојните спортски случувања во Сочи ги потресуваат корупциски афери, па се проценува дека третина од буџетот од 55 милијарди долари е потрошена на подмитување државни службеници.
„Изгледа дека корупцијата во Русија е вообичаена работа. Според нашите процени, проневерено е околу 18 милијарди долари од буџетот за изградба и развој“ – рекол Каспер за швајцарска радио станица.
Истражувањето покажало дека трошоците за изградба на објектот е три пати поголем, отколку било каде во светот.
„Излегува дека Сочи е поскап од Летните олимписки игри во Пекинг 200, кои беа многу поголеми, а чинеа 40 милијарди“ – предупредува Каспер и додава дека сумата од 55 милијарди може да ги исплаши потенцијалните организатори на следните игри.
Според зборовите на Борис Немцов, поранешен вицепремиер и автор на студијата за корипција, Меѓународниот олимписки комитет не делува заинтересирано за алармантните податоци.
Иако фактите се широко достапни, не добивме конкретен одговор. Комитетот смета дека се е во ред, а ако корупција навистина постои, таа е проблем на државата домаќин, а не нивен. Корупција, уништување на животната средина и кршење на човечките права, потполно се игнорираат – вели Немцов.
Поранешниот руски претседател Димитриј Медведев во 2010 наредил истрага за проневерата на пари за изградба на олимписки објекти, но таа не стигнала далеку. Путин пред година дена го смени Ахмед Билалов, член на Рускиот олимписки одбор, заради надминување на трошоците на изградбата на скијачка скокалница за скоро 700 отсто. Швајцарскиот член на меѓународниот олимписки одбор јавно го рекол она во што голем број на Руси одамна се сомневаат. Претстојните спортски случувањ