Уништени се неколку спортски објекти и базени изминативе недели со знаење на Општина Центар, кои се во целосна надлежност и одговорност на општината. Блиски луѓе на Андреј Жерновски и заслужни партиски војници на СДСМ на ова место градат дискотеки на диво, без никаква документација и дозвола вели загрижен жител, кој се обрати до редакцијата на „Република“. Тој тврди дека се обратил до надлежните но оттаму не добил никаков одговор.
Првата локација е во парк, во спортскиот комплекс на АРМ, дел што по барање на ФК Работнички, Владата му го доделила на клубот на бесплатно користење во наредните 7 години – стои документацијата што скопјанецот ја остави во редакцијата на „Република“, Идејата било Клубот да го користи овој дел исклучиво за спорт. Но сега, тврди дел од тие терени се целосно уништени и на нивно место без никаква дозвола од Министерството за одбрана се гради дискотека. Партнер бил Камењар, брат на екс пратеничката на СДСМ, Каролина Астеруд. Камењар ветувал дека општина Центар нема да има никаква реакција за уништувањето на скопските терени во општината.
Во реакцијата што ја доставил Скопјанецот известил уште дека – За ова со претставка е информирано Министерството за одбрана, и мислам дека е пратен допис да ги стопираат градежните работи и да го вратат објектот во првобитна состојба. На овој допис нема реакција и се продолжува со градбата.
Базените за деца во скопскиот комплекс Плаја виста под Кале се втората локација. Тој беше издаден на Марјан Начевски. Сега дел од објектот бил даден на другари на Жерновски и од пред неколку недели на негово место без дозвола се руши и се гради дискотека.
– Секојдневно има мајстори кои ги рушат отворените базени и бетонираат градби наменети за дискотека – вели соговорникот, кој уште смета дека е жално наместо простор за спортување овие спортски комплекси да се користат за точење алкохол и корумпирање на младите умови.
Ова е документацијата која Скопјанецот ја оставил до редакцијата на „Република“.
Пронајдете не на следниве мрежи: