Скандал во Штип: Началникот на полиција поставен од СДСМ ја забрани трката за Downhill организирана од Општината

Штип оваа недела за прв пат требаше да биде домаќин на велосипедска трка „Isar Challenge -Urban Downhill“ – Спуст со велосипеди од градскиот Исар.Македонија за прв пат ќе беше  домаќин на интернационална  велосипедска трка „Isar Challenge” – Urban downhill а како град домаќин на истата ќе беше Штип. Но, ова очигледно му сметаше на началникот поставен од Оливер Спасовски и челниците од СДСМ кој се спротистави на организацијата само за да не се одржи натпреварот.
Ова е одраз на несогласувањата помеѓу општината која е изгласана од народот и вештачки поставениот началник од СДСМ и привремениот министер за внатрешни работи.  На натпреварот беа пријавени над 120 учесници од цела Европа и заедно со останати членови на нивните тимови веќе пристигнаа во Штип петокот за да се спремаат за трката.
Но, засега сеуште од неразјаснети причини натпреварот беше откажан и забранет од СВР Штип со одлука на началникот. Ова е голем скандал за СВР Штип и општо за цело МВР кои направија државата да се деградира пред тимови од цела Европа кои веќе објавуваат во медиумите во нивните земји за несериозноста на организаторот. СДСМ очигледно прави се за да ја дискредитира оваа Влада и конкретно општина Штип каде мнозиството граѓани им ја дале поддршката на ВМРО-ДПМНЕ. 
„Се надеваме дека ова кратко ќе трае и дека веќе од 11. декември нема да има вакви саботажи и срамни одлуки на антидржавничката партија која делува во Македонија“ – пишува Ексклузив.мк.
Исто така, треба за овој скандал да одговора некој. Ние како медиум го повикуваме СВР Штип да излезе со официјален одговор за настанот и да даде објаснување зошто ја забрани трката во последен момент еден ден пред стартот. Македонија за прв пат ќе беше  домаќин на интернационална  велосипедска трка „Isar Challenge” – Urban downhill а како град до

Пронајдете не на следниве мрежи: