Меѓународната боксерска федерација го предупреди Тајсон Фјури дека својот прв меч по освоената титула на светски шампион мора да го реализира против првиот предизвикувач Вјачеслав Хласков.Доколку одбие, на Фјури му се заканува одземање на титулата која ја освои во мечот против Владимир Кличко.
Фјури го прекина десетгодишното владеење на помладиот брат Кличко во тешка категорија. Веднаш е договорен и реванш за мај наредната година. Меѓутоа, Фјури мора претходно да боксува против Хласков за да ги исполни прописите на ИБФ.
Актуелниот шампион доби ултиматум до 11. декември да договори меч со 31-годишниот Хласков или во спротивно ќе мора да го врати шампионскиот појас.
Од неговиот штаб порачаа дека тој ќе истрае да го реализира реваншот против Кличко и најавија дека ќе преземат радикални мерки:
„Нивното барање е шокантна новост. ИБФ очигледно не знае што прави. Имаме договор со Кличко и реваншот мора да се реализира. Не можеме да направиме ништо за да ги задоволиме нивните барања“, изјавил вујкото на Тајсон, Питер Фјури и додал дека во случај ако ИБФ истрае во своите барања, неговиот штитеник ќе го фрли шампсионскиот појас во канта за отпадоци, што би била лоша реклама за оваа боксерска федерација.Доколку одбие, на Фјури му се заканува одземање на титулата која ја освои во мечот против Владимир Кличко.
Фјури го прекина десетгодишното