Во Турција е отворена обвинителска истрага врз основа на тврдењата на таен сведок во предметот што се води за смртта на осмиот турски претседател, Тургут Озал, дека сопругата на тогашниот шеф на државата Семра Озал била уценета и присилена да го отруе, соопшти денеска весникот „Хуриет“.
Ако тврдењата бидат оценети како сериозни, против вдовицата на Озал ќе биде покрената кривична постапка.
Обвинителството веќе ги истражува тврдењата што излегоа на површина на првото рочиште по предметот за сомнителната смрт на претседателот, што се одржа во средата, на 11 септември. Тогаш адвокатот на единствениот осомничен во процесот – генерал Левент Ерсоз, изјави дека во своите искази тајниот сведок повеќе пати го споменувал името на Семра Озал како вмешана во претпоставеното труење на претседателот.
„Овие делови од распитот меѓутоа не беа вклучени во обвинителниот акт на обвинителството“, изјави адвокатот.
Името на вдовицата на Тургут Озал тајниот сведок „Селчук“ ја споменал дури во своите последни искази пред судијата на 20 август годинава. Во нив тој раскажал за својата работа во тајната разузнавачка единица на турската жандармерија за борба против тероризмот, позната како ЖИТЕМ, и за своите познанства од тој период со повеќе воени старешини, вмешани во заговорите за преврат против владата.
Информацијата дека Семра Озал може да е поврзана со случајот, тој ја добил од полковник по име Саваш Коркмаз, кој сега е во резервниот состав на армијата. Коркмаз, пред сведоци, кажал дека смртта на Озал всушност е атентат, што бил изнуден да го изврши неговата сопруга преку уцена со снимка, со која располагала ЖИТЕМ, пишува уште „Хуриет“.
Обвинителството ги побарало од судот сите досија за случајот и веќе е почната истрага на изјавите на свидокот „Селчук“.
Во Турција одамна се шират гласини дека Озал бил отруен. Тој почина во 1993 година на 65-годишна возраст како актуелен претседател на земјата. Овие сомненија, што се поддржани и од членови на неговото семејство, се поврзани со неговите напори за прекин на конфликтот со курдските бунтовници за време на неговото владеење.
Посмртните останки на Озал, на почетокот на октомври беа ексхумирани за да се утврди причината за неговата смрт. Според изготвениот наод на судско-медицинската комисија од аутопсијата, во останките на Озал има присуство на отровни материи, но членовите на комисијата не можеле да бидат едногласни во утврдувањето на фактот дали отровот е причина за неговата смрт.Ако тврдењата бидат оценети како сериозни, против вдовицата на Озал ќе биде покрената кривична постапка.
Обвинителството веќе ги истражува