СКАНДАЛ ЗА КОЈ ЗБОРУВА ЦЕЛА ЈАВНОСТ: Погледнете што им пишувал професор на своите ученички на Фејсбук

Наставник во основно училиште „Свети Сава“ во Зворник добил отказ откако е откриено дека на Фејсбук на своите ученички им оставал непримерни коментари.Петко Дракулиќ од Лакташи кој работел во основното училиште во Зворник им коментирал на фотографии на своите ученички и им осставал број за контакт.
„Каква риба“, „Мила, годините не се важни, кога ќе им го ставам го засакуваат повеќе од родената мајка“, се само некои од коментарите оставени на фотографиите на ученичките.
Од центарот за јавна безбедност на Бјелина потврдуваат дека овој инцидент е пријавен во полиција, и дека со оперативни активности дознале дека наставникот недолично се однесувал и на социјалните мрежи реализирал контакти со учениците од основното училиште каде што бил вработен на одредено време до пред два месеци.
„Полицијата ги проверува наводите дека именуваниот поседува фалсификувана потврда за стекнатата стручна подготовка и сите овие активности се прават во соработка и координација со Канцеларијата на Окружниот јавен обвинител во Бијелина“, изјави портпаролката Александра Симојловиќ на СЈБ Бијелина.
Директорот на училиштето „Света Сава“ Радомир Петровиќ потврди дека Петко Дракулиќ бил вработен на одредено време после објавениот конкурс за прием на наставници во техничко образование.
„Тој беше вработен во нашето училиште, но на Фејсбук се допишувал со децата и им пишувал коментари кои не се во согласност со неговата професија, штом дознав за тоа фо раскинав договорот со него. Тој го зема решението и си замина од нашето училиште“, рече Петровиќ.

 

„Што се однесува до училиштето, никој не ја проверувал на валидноста на дипломите. Ние немаме ништо повеќе со него, тој е од Лакташи, а овде го прекина работниот однос од 60 дена и си замина“, изјави Радомир Петровиќ.
Петко Дракулиќ на неговата страница на Фејсбук објави:

„Исфрлен сум од училиште во Зворник за ништо, тие велат дека јас сум провоцирал девојки, јас никогаш не би предизвикувал или допирал деца, хулиганите кои ме уништија ќе ми платат за ова. Својот авторитет никогаш не го покаѓував на децата. Дозволете ми да кажам дека ќе се вратам посилен од било кога“, порача наставникот.
Истрагата спроведена од страна на Окружниот обвинителство во Бјелина ќе ги утврди деталите за овој случај. Фејсбук стана многу моќна алатка за утврдување на сексуалните престапи и педофилија. Ччесто се случува во светот наставниците да бидат откриени за вакви дела преку социјалните мрежи.Петко Дракулиќ од Лакташи кој работел во основното училиште во Зворник им коментирал на фотографии на своите ученички и им осставал број за контакт

Пронајдете не на следниве мрежи: