Молк во Министерството за внатрешни работи откако сдсмовскиот портал А1 он објави фотографија на која според нив може да се види екс министерот за внатрешни работи, Митко Чавков додека го користи правото на дневна прошетка во рамките на притворското одделение на Истржаниот затвор во Шутка.Скандалозно е што фотографијата на која се тврди дека е Митко Чавков е направена од една од затворските стражарници кои во последниве неколку месеци според информациите на порталот Пресс 24 ги обезбедува посебна полициска единица во склоп на МВР, во полициските кругови позната под кратенката „ПЕП“ или „Посебна единица за поддршка“ кои тука се донесени откако во притвор биле префрлени дел од сега веќе осудените за Диво Насеље.
-Портпаролот на МВР неколку дена не одговара на својот телефон, па не може да се добие никаква информација околу тоа како се случило да протечат фотографии од притворското одделение во Шутка и што е уште поскандалозно, дали е полициски службеник тој кој си дозволил да изнесува фотографии од овој истражен затвор. Доколку не е, полицијата треба да објасни кој имал пристап во стражарницата на затворот, пишува порталот Пресс 24.
Под знак прашалник е и капацитетот на МВР и Министерството за правда да обезбедат изолација на осомничените и обвинетите кои се наоѓаат во истражниот затвор, бидејќи ако вака протекуваат фотографии, не би требало да биде изненадување дека на истиот начин протекуваат и информации и разни други материјали и предмети внатре и надвор од затворот со што се влијае на сведоците и на истрагата што пак од друга страна значи дека оваа институција воопшто не одговара на задачите кои и се поставени од Судот и Обвинтиелството.
Од МВР не може да се добие ниту информација дали Внатрешната контрола за професионални стандарди врши истрага за овој скандал, бидејќи од позицијата каде што е направена фотографијата, јасно е дека не би можел да ја направи никој друг, туку полициски службеник. Со оглед на тоа дека се знае точната позиција на која е направена фотографијата а полицијата има список со полициските службеници кои биле ангажирани на оваа позиција во последните два дена, на Внатрешната контрола ќе и остане лесна задача да најде кој е полицискиот службеник кој ја загрозил истрагата, што пак од друга страна е и кривично дело
Дека полицијата имаа слаба контрола врз своите службеници говорат и фотографиите објавени од судницата 1 во Кривичниот суд во Скопје на кои исто така можеше да се забележи Чавков со лисици. И за нив, постои оправдано сомнение дека се направени од полициски службеници, односно оние кои се задолжени за одржување на редот во Судот.
Ова е прв пат да протечат фотографии од истражната постапка внатре во институциите. До сега не се појавила фотографија направена во Истражниот затвор во Шутка.Скандалозно е што фотографијата на која се тврди дека е Митко Чавков е направена од една од затворските стражарници кои во последниве неколку месец