Скандал: Заканите за тужби на соросовите невладини до движењето „С.О.С“ се координирана акција на СДСМ

Уште една скандалозна потврда на она што за голем дел од граѓаните одамна е добро познат факт – СДСМ и никој друг стои зад заканите за тужби на т.н. невладини организации до движењето „Стоп операција Сорос“.Уште една скандалозна потврда на она што за голем дел од граѓаните одамна е добро познат факт – СДСМ и никој друг стои зад заканите за тужби на т.н. невладини организации до движењето „Стоп операција Сорос“.
Откако движењето „С.О.С“ ги разоткри шемите на функционирање и финансирање на мрежата на соросови невладини организации кои служат како левичарска пешадија која се активира секогаш кога СДСМ (како партнер на Сорос во Македонија) ќе има потреба за тоа, веднаш во рок од еден ден многу невладини кои „С.О.С“ ги посочи како верни вазали на интересите на финансиерот Сорос и на СДСМ, упатија закани со тужби до „С.О.С“ за изнесените податоци.

Дека заканите со тужба се само уште една организирана хајка од низата такви акции во изведба на Сорос и СДСМ потврдата стигна многу бргу. Протечената тајна интерна комуникација меѓу овие невладини за која пред неколку дена пишуваше Журнал.нет потврди дека не станува збор за индивидуални реакции на независни граѓански организации кои се нашле погодени од ставовите на движењето „Стоп операција Сорос“, туку за акција во режија на СДСМ и Сорос. Впрочем, парадоксално и иронично, токму „С.О.С“ тврди дека зад сите вакви акции на невладиниот сектор кои тие си ги нарекуваат спонтани граѓански ангажмани, стои координација со СДСМ и Сорос.
Конечната потврда на ваквото скандалозно однесување ја докажа немарноста на дел од чиновниците на СДСМ/Сорос. Ѓаволот е во деталите, велат оние кои знаат што зборуваат – па таму го пронајдовме и ние.
Мејлинг листите на невладините кои наводно спонтано праќаа закани со тужби до движењето „С.О.С“ се идентични меѓу себе, што значи дека нив ги координирал еден центар, како што впрочем секој познавач на работите одамна знае дека е така.

Но, кој ги координира невладините  ги организира „спонтано“ да се закануваат со тужби на оној кој ја разоткрива соросовата мрежа во Македонија? Ако погодувате, ќе погодите од прва. Мејлинг листата на која СДСМ ги праќа сите свои соопштенија, изјави и информации е – идентична со мејлинг листата на која соросовите невладини се закануваа со тужби бидејќи не биле послушници и не извршувале наредби на СДСМ и Сорос.

Оваа најнова трагикомична епизода од сапуницата „Невладин сектор“ во Македонија е најдобар доказ зошто во оваа земја мора да се случи „десоросоизацијата“, коментираат граѓаните кои ги консултиравме.
Според нив, недопустливо е една, колку и да е моќна, мрежа на невладини организации координирана од еден центар да се претставува како сето граѓанско општество во Македонија, а всушност, како што покажуваат и последните епизоди и „без многу да ги цртаме работите“ се само обични пиуни под команда на СДСМ и Сорос кои се борат само за нивните интереси, а не за интересите на граѓанството во Македонија, кое го користат како знаме со кое се покриваат, додека ја спроведуваат валканата и веќе не толку тајна агенда на Сорос и СДСМ.Уште една скандалозна потврда на она што за голем дел од граѓаните одамна е добро познат факт – СДСМ и никој друг стои зад заканите за тужби

Пронајдете не на следниве мрежи: