Скандалозното работење на Џес Бејли и неговите соработници од амбасадата на САД во Македонија се секојдневно тема во медиумите во Америка. За Џес Бејли веќе има 4 истраги: Конгресот, Генералниот Инспектор на САД, Владината канцеларија за отчетност на САД и „Џудишал Воч“.Џес Бејли веќе има 4 истраги, истраги против него имаат Конгресот, Генералниот Инспектор на САД, Владината канцеларија за отчетност на САД и Judicial Watch.
Во своите текстовите „Liberty News Now“ и „The Federalist Papers“ пишуваат дека властите во САД дале милиони долари за да дестабилизира демократски избраната централно – десничарска влада во Македонија, во соработка со левичарскиот милијардер Џорџ Сорос, покажуваат евиденциите добиени од Judicial Watch.
„Liberty News How“ во текстот додава дека поранешниот претседател Барак Обама и Џес Бејли, соработувале во позадина со фондацијата на Сорос „Отворено општество“, каде биде префрлувани големи суми на пари, со кои амбасадорот интеревенирал со во внатрешната политика на државата, прекршувајќи ја Виенската конвенција за дипломатски односи.
Во текстот се додава дека Стејт Департментот и УСАИД, префрлиле 5 милиони долари во здруженијата на Сорос во Македонија од 2012 година и уште околу 9,5 милиони долари наменети за интервенција во владините работи.
Во текстот исто така се пишува дека Отвореното општество на Сорос има основано и финансирано десетици левичарски невладини организации во Македонија со цел да ја соборат конзервативната влада.
Нивната цел е да се организираат младински движења, да креираат влијателни медиуми и да организираат насилни протести, за да ги поткопаат институциите и полицијата спроведувани од власта. Една од работите кои Соросовата фондација ги има финансирано е преводот на книгата на Саул Алински „Rules for Radicals“ во Македонија. Книгата претставува тактичко упатство за субверзија, обезбедува директни совети за радикални улични протести и го прогласува Луцифер за прв радикал. Во текстот се продолжува дека благодарение на амбасадорот поставен од Обама, кој не е променет од претседателот Трамп, ќе продолжат да се финансираат групациите, за да продолжат да работат и регрутираат нови членови, потврдуваат извори во Македонија и САД.
Во текстот пишува и дека во минативе месеци во Македонија имало насилни протести кои биле координирани од Фондацијата Отворено оштество, која ја финансира Џорџ Сорос. Некои конгресмени во Конгресот на САД покажаа интерес за овој проблем и побараа одговори од амбасадорот Бејли, УСАИД и Стејт Департментот.Џес Бејли веќе има 4 истраги, истраги против него имаат Конгресот, Генералниот Инспектор на САД, Владината канцеларија за отчетност на САД и