СКАНДАЛОЗНА ДЕВОЈКА ОД СООБРАЌАЈНОТО УЧИЛИШТЕ: Конечно се огласи и професор на Тамара!

Бурата која во регионот ја предизвика Тамара Маринковиќ, поранешна ученичка во Сообраќајно-техничкото училиште во Земун со книгата „Трофеи“, во која опиша сексуални врски помеѓу ученичка и професори и понатаму не стивнува.Нејзиниот професор по физичко Мирослав Блануша, опиша колку таа била проблематична во училиште.
Тој вели дека Тамара има психички проблеми и дека прогонувала професори по училиштето, им упаѓала во кабинети, ги сопирала во ходниците и им велела дека е вљубена во нив.
„Се облекуваше провокативно, носеше деколте, тесни и кратки маици, нападно се шминкаше и вршеше мобинг врз луѓе. Сите се жалеа на неа. Прв ќе пријавев ако колегите беа со неа! Директно ќе ги однесев во полиција, но тоа не е вистина. Наставниците имаат траума од неа. Романот е плод на нејзините желби и проблеми“ – вели Блануша.
Овој професор во романот одбил да има односи со неа и ја однел кај психолог.
Блануша открива дека Тамара му се додворувала, а тој се обидувал да и` помогне да се подобри.
„Тамара е дете на разведени родители, запуштено воспитување и образование. Скиташе низ животот, го бараше својот пат, имаше проблематично друштво. Знаев за нејзините врски надвор од училиштето и сите беа проблематични. По завршување на училиштето не запиша факултет, туку излегуваше со спонзори на кои може да им биде внука. Да и` биде срам за ова што им го направи на колегите со оваа книга. Страшно ме разочара“ – напоменал професорот.Нејзиниот професор по физичко Мирослав Блануша, опиша колку таа била проблематична во училиште.
Тој вели дека Тамара има психички проблеми

Пронајдете не на следниве мрежи: