Алчноста и лакомоста на платениците на Сорос нема крај. Во својот скандалозен пост, новиот пратеник на СДСМ Павле Боговески отворено порачува дека директорката на ФООМ- Македонија, Фани Каранфилова заслужува плата од 3.400 евра.
Богоевски истото го тврди и за лустрираниот кодош Владимир Милчин, кој има месечна плата од 3.600 евра. Милчин секој месец има плата од 3.600 евра, а претходно 24 години беше директор на СОРОС во Македонија.
-Ние се занимаваме со тоа кој колку е платен и кој е „поавтентичен“ протестирач. Без да навлегувам подлабоко, ќе кажам дека – имајќи предвид низ што се’ поминаа и поминуваат Владимир Милчин и Фани Каранфиловска –Пановска, мислев дека земаат повисоки плати од сумите кои ги објави курир. И мислам дека заслужуваат, напиша Богоевски на социјалните мрежи.
Павле Богоевски смета дека овие плати за Каранфилова и Милчин се мали, мислејќи дека имаат поголеми и дека ги заслужуваат. Со вакви плати, за својата “Шарена револуција”, Каранфилова и Милчин имаат плата за 1 месец колку што е просекот за работниците во Македонија за цела година, истите оние работници за кои опозициските активисти велат дека живееле во невидена сиромаштија.
Пред да стане пратеник на СДСМ, Павле Богоевски беше на платниот список како вработен во ЛГБТ центарот, финансиран од Сорос фондацијата.Богоевски истото го тврди и за лустрираниот кодош Владимир Милчин, кој има месечна плата од 3.600 евра. Милчин секој месец има плата од 3.600 евра,