Во колумната се вели дека од првиот ден кога Република Македонија прогласи независност, претставниците на американскaта разузнавачка заедница почнаа активно да работат во земјата.Во периодот од 1992 до 1993 та, американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) навлезе во македонските министерства за одбрана и внатрешни работи, при што високи претставници од министерствата прифатија да работат согласно американските насоки. Ова се дел од информациите обелоденети во колумна, објавена во рамките на електронското, англиско издание на весникот „Катимерини“.Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, текстот беше повлечен по само неколку часови, најверојатно поради фактот што колумнистот го користи нашето уставно име.
Овие операции се координираа од американската амбасада во Софија. Во периодот од 1992 ра до 1993 та, ЦИА навлезе во македонските министерства за одбрана и за внатрешни работи. Високи претставници се сретнаа со претставниците на ЦИА и прифатија да работат и оперираат согласно нивните насоки. Во најмалку една пригода, електронска разузнавачка опрема беше пратена во Софија во дипломатска торба, а потоа со комбе беше однесена во Македонија. Македонскиот министер за одбрана Владо Поповски беше лично инвловиран во процесот на избор на местата каде што оваа опрема беше поставувана, се велеше во колумната на Катимерини.
Во неа беше откриено и дека со оваа опрема за разузнавање, освен на територијата на Македонија, Американците прислушкувале и на Косово и дека добиените материјали биле автоматски праќани по сателит во централниот систем на податоци во САД.Текстот откри и дека ЦИА во овој период успеала да воспостави контрола и врз криптосистемот што го користела ЈНА и да добие други осетливи безбедносни информации, документи и упатства.
Повлечената колумна сепак беше повторно објавена од страна на неколку грчки и руски изданија. Уредникот на грчкиот онлајн информативен портал на руски јазик “Руска Атина”, Павло Онојко, пишува дека колумната најверојатно е повлечена поради користењето на уставното име Република Македонија, што во Грција се третира како злочин. И грчкиот портал „Пентапостагма“ ја објави колумната во целост, со коментар дека употребата на нашето уставно име била срамна и неприфатлива.Во периодот од 1992 до 1993 та, американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) навлезе во македонските минист