Скандалозно: Амбасадорот на САД во Белгија е вмешан во секс скандал со малолетнички

Хауард Гутман- американскиот амбасадор во Белгија е вмешан во секс скандал со малолетнички. Притоа, тој користел услуги од проститутки и се забавувал со малолетни девојки. Оваа информација беше објавена од белгиските медиуми кои се повикуваат на весникот „Њујорк пост“ и телевизијата Си-Би-Ес.
Оваа информација беше објавена и од портпаролот на Стејт департментот Џенифер Псаки, како утврдени прекршоци во службата за безбедност на американската дипломатија, но без да посочи имиња.
Амбасадорот, секако ги отфрла сите обвинувања, па за таа цел испратил порака во која вели дека обвинувањата имаат за цел да го оцрнат него и неговата работа.
Притоа, објаснува дека неговата резиденција е во близина на парк, па секојдневно минувал низ регионот. Додека медиумите објавуваат дека тој често се оддалечувал од своите телохранители и користел услуги на проститутки во парковите.
Белгиските медиуми наведуваат дека Гутман не е отповикан, како и дека неговиот имунитет не овозможува поведување истрага од властите во Брисел.Хауард Гутман- американскиот амбасадор во Белгија е вмешан во секс скандал со малолетнички. Притоа, тој користел услуг

Пронајдете не на следниве мрежи: