СКАНДАЛОЗНО: Игор Дурловски и во Шутка шири тероризам!

Откако Игор Дурловски е во притвор поради своето терористичко делување во рамките на ќелијата Илинден 4, не само  што се повеќе се шират снимки за неговото терористичко делување во Македонија и надвор од неа туку тој почнал да го шири тероризмот и во Шутка.Од извори блиски на Управата дознаваме дека Дурловски уште првиот ден почнал да го „обучува“ својот цимер со основни терористички вежби во Це-мол, а специјалноста која ќе му ја пренесе на цимерот е извршување на тероризам во сала за свадби и за тоа ја користи техниката „Свадбата на Фигаро“ напишана од најгенијалниот терорист на сите времиња Моцарт.На Јутјуб можат да се најдат се повеќе видеа кои го покажуваат не само неговото терористичко делување, туку и тероризмот на неговата сопруга, која своевремено настапуваше и на сцената на Метрополитен. Американските безбедносни агенции се уште немаат одговор како се дозволило така реномирани терористи буквално да им се прошетаат низ Њујорк.
Во првото видео може да видите брачниот терористички пар Дурловски како Игор ја натерува Ана да ја запејат Ох, Јано, Јано при што на крајот од видеото на српски јазик изјавува дека му е жал што немаат гитара. Од анонимни терористички извори дознаваме дека видеото е настанато во камп за привремен престој на терористи некаде на Косово, во кој своевремено се криеле Ратко Младиќ и Радован Караџиќ а се шпекулира дека токму во тој камп се крие и Жељко Ражнатовиќ Аркан после исценираното убиство.

Добро упатени извори од терористичките кругови информираат дека тие двајца перфектно владеат неколку странски јазици, како германскиот и италијанскиот.Второво видео е интервју со г-ѓа Дурловски која, во емисијата Јади бурек на закоравениот поддржувач на поранешниот режим Јанко Илковски, отворено говори за својата терористичка едукација, за поддршката од сопругот во тоа и како посетувале разни тероситички школи во Виена. Во тој нивен престој полицијата дури спречила и еден терористички напад бркајќи од паркот во кој планирале да изведуваат некакви дејствија.

За крај дел од соработниците на брачниот пар Дурловски.

Целта на „Бавча“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе, институции и настани е случајна освен кога не е.Од извори блиски на Управата дознаваме дека Дурловски уште првиот ден почнал да го „обучува“ својот цимер со основни терористички вежби

Пронајдете не на следниве мрежи: