На Балканот, порано или подоцна ќе дојде до менување на границите, тврди поранешниот заменик шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Мејер.Како што тврди, нови граници најверојатно ќе бидат повлечени во Македонија, но и на Косово.
Тој смета дека ЕУ нема решение за Балканот, а дека САД не го интересира премногу Балканот.
-БиХ денеска е подалеку од тоа да биде единствена држава, отколку во било кој друг момент во минатото. Прашањето за Косово станува сериозно, а Македонија е во сериозно пропаѓање со месеци. Во исто време, ЕУ нема одговор на прашањата кои го мачат Балканот, вели Мејер за Новости.
Мејер додава дека евентуалната промена на граници меѓу Албанија и Македонија може да доведе до создавање на голема Албанија, но дека тоа не би наишло на поддршка на САД.
-Сепак важно е да се има на ум дека Вашингтон не е премногу заинтересиран за Балканот. Трамповата администрација нема посебно да реагира ако овие промени се случат по мирен пат, слично на начинот, на кој да речеме Црна Гора дојде до независност- вели овој аналитичар.
На прашањето каква судбина ја очекува Македонија, Мејер вели: Ако Црна Гора и Косово можат да бидат независнсот, намалената Македонија би го можела истото. Но тоа можеби не е најдобар правец за дејствување на таа, помала Македонија. Во тој случај за нив би било мудро да ја разгледаат можноста за федерална заедница со Србија.Како што тврди, нови граници најверојатно ќе бидат повлечени во Македонија, но и на Косово.
Тој смета дека ЕУ нема решение за Балканот, а д