Заев им ги отвори ширум вратите на бегалците. Очекувано беше дека во пресрет на локалните избори ќе кулминира притисокот врз локалната самоуправа да не се дозволи заедно со локалните избори да се одржи и референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали се за доселување на бегалци во нивните средини.Државниот инспекторат за локална самоуправа вчера донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините за мигрантите на денот на Локалните избори, 15 септември, и да поведе постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.
Како што информира Државниот инспектор за локална самоуправа Рахим Муслиу, решение досега е донесено за 12 општини кои доставиле до Инспекторатот извештај од јавното општинско гласило во кој е објавен референдум, а се очекува да бидат доставени уште две.
– На 20 септември Инспекторатот изврши вонреден инспекциски надзор во општините Кочани и Штип, а на 21 септември во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Велес. Уште шест општини донеле одлука за референдум на локално ниво и го известиле Инспекторатот за објавување. Тоа се Битола, Прилеп, Радовиш, Аеродром, Гази Баба и Охрид, а се очекува вакви известувања да достават и општините Карпош и Ѓорче Петров, рече Муслиу.
Одлуката ќе биде доставена до Министерството за локална самоуправа, државниот секретар за локална самоуправа и до градоначалницитге и советите на 12 засегнати општини, а градоначлниците ќе имаат обврска да ги известат и општинските изборни комисии.
Причина за нејзиното донесување, како што кажа, е член 22 од Законот за локална самоуправа според кој никаде не е наведено дека општините имаат надлежност за мигрантите и за нивното населување во локалната самоуправа.
До крајот на годината се претпоставува дека во земјата ќе пристигнат 3.500 емигранти, додека следната година прогнозата е дека нивниот број ќе биде од 5.000 до 7.000.
Бранот бегалци нема да ја заобиколи ниту Македонија. Доколку се реализирала националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, мигрантите би претставувале реална закана за Битола, Радовиш, Охрид, скопската населба Ѓорче Петров како и останатите општини во кои ќе се смени комплетно составот на населението со населување на овие лица.Владата предводена од Зоран Заев не се откажува од планот за доселување на мигрантите и градење на згради за нив во 17 општини низ Македонија.
Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Карпош, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите. Граѓаните пак, на овие општини бараат референдум за да може да се изјаснат по ова прашање.
-Нема да дозволиме никој да донесува одлуки без да го чуе нашиот глас за вакви суштински и болни прашања, никој не смее да ја погази волјата на народот и самоволно да одлучува во наше име- порачуваат граѓаните од 17-те општини.
Државниот инспекторат за локална самоуправа вчера донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините за ми
Пронајдете не на следниве мрежи: