Скапи високи потпетици или маж?

Мажите често (ако не и секогаш) ги етикетираат жените, додека пак ние само ја отстрануваме етикетата од новите пар чевли…Топло добредојде во современиот свет на измешани ароми од материјализам, љубов и љубов кон материјализмот!
 
Денешните жени се симбол на силата и самостојноста, а дали тоа ги прави материјалисти или не, е само нивно право. Многу пати сте се прашале дали жените кои стојат стабилно на финанскиски план се “спонзоруши.” А ,дали тоа е навистина така или само си уживаат во успешни кариери, земете си за слобода и прашајте ги.
Мое мислење е тоа под Б), зашто скапата облека ја крие и чистота, а и тоталниот безобразлук е да се искористуваат мажите.
Не дека го немаат тоа заслужено, поради тоа што секоја од нас била повредена од нивна страна, но сепак имаме премногу добро срце  и да ги сожалуваме.
Скапите високи потпетици се само доказ дека можеме да бидеме успешни без маж. Тој не е доказ дека сум успешна, тој е доказ само на мојата способност да им покажам дека потпетицата ми е многу подолга од нивната “гордост” .
Па и ние сме како нив. Сакаме високи потпетици, со истата онаа страст како тие кога гледаат фудбалски натпревар, и зашто тој да биде во прв план кога секоја моја потпетица издржала многу подолго од неговите возбуди. Тие се заљубуваат во секоја која ќе ги помине покрај нив, а ние во секој излог со чевли. Само предност ни е тоа што нашата љубов ние можеме веднаш да ја имаме но и за секој случај да си дозволиме уште петнаесетина чифта плус.
Не го ставам мажот во предност пред се затоа што високата потпетица никогаш не ме изневерила, оставајќи ме со срушени илузии.
Кој е вашиот избор?
П.С. Денес го нема очекуваниот доручек во кревет, розата за извини и подарокот без повод.
Автор: Елена АндоновскаТопло добредојде во современиот свет на измешани ароми од материјализам, љубов и љубов кон материјализмот!

Пронајдете не на следниве мрежи: