Скендеровски: Вработените во „Југохром“ и во декември остануваат во редовен работен однос без разлика што фабриката и натаму не работи

Вработените во „Југохром“ и во декември остануваат во редовен работен однос без разлика што фабриката и натаму не работи, истакна денеска на прес-конференција директорот Васко Скендеровски.– Менаџментот на „Југохром“ покажа слух и разбирање за вработените, за регионот кој што гравитира околу фабриката и јас како генерален директор одлучив во корелација со менаџментот, вработените и понатаму да останат без исклучок, рече Скендеровски.
Најави дека во декември повторно ќе се разговара со Синдикатот согласно условите што ќе бидат. Директорот Скендеровски рече дека се надева оти до тогаш второстепената комисија на Владата ќе донесе позитивна одлука во однос на жалбата која е доставена од „Југохром“.
Информира дека во „Југохром“ се гради системот за отпрашување и единствената причина за неисполнувањето на интегрираната дозвола во законскиот рок, односно 31 октомври, е тоа што градежната дозвола ја добиле на 18 јули оваа година.
Фабриката, според него, најверојатно ќе биде затворена до крајот на април, односно додека не бидат изградени основните објекти за намалување на загадувањето на Тетово и тетовската околина. Истакна дека поради исплаќање на платите и запирање на производствениот процес „Југохром“ ќе биде во загуба од триста до четиристотини илјади евра на месечно ниво.
Претседателот на Синдикатот на работници во „Југохром“, Бајрам Амити изјави дека доколку не се најде решение за брзо решавање на овој проблем тие ќе стапат во радикален штрајк.
– Ова решение е краткотрајно, затоа бараме од институциите односно од Министерството за животна средина и државниот инспекторат да ги повлечат одлуките за неработење и да донесат друга одлука. Доколку тие не се изјаснат за нашите барања ние ќе продолжиме со нашите протести кои ќе ги радикализираме, рече Амити.– Менаџментот на „Југохром“ покажа слух и разбирање за вработените, за регионот кој што гравитира околу фабриката и јас како гене

Пронајдете не на следниве мрежи: