„Дневник“ пренесува дека според неофицијалните податоци, приматот на Вардар со најполна клубска каса му го загрозува тетовска Шкендија.„Дневник“ направи интересна анализа за македонскиот фудбалски шампион Вардар, за кого вели дека „милиончето се топи во илјадарки“.
Насловот на анализата гласи „Милиончето на Вардар се топи во илјадарки“, па тоа се чини се кажува.
Имено, од најавените 1.200.000 евра, буџетот на клубот неофицијално паднал на 500.000 евра, драстичен пад кој речиси никој не го очекуваше, бидејќи Вардар откако беше спасен од испаѓање во Втората Лига преку фузија, се ветуваше „европски Вардар“, со „европски амбиции“, но сепак ништо не излезе од тоа.
Во анализата се вели дека тетовска Шкендија, која пред шампионатот беше во катастрофална финансиска ситуација, па дури се одеше до таму да екипата нема финансиски средства да ја плати котизацијата за ПМФЛ, сега, доведувајќи го „Еколог“ (мултинационална компанија) за главен спонзор, според неофицијалните информации во клубот влегле ни помалку, ни повеќе, туку фантастични 3 милиони евра буџет за тетовска Шкендија.
Извор: „Дневник“
Фото: fkvardar.mk„Дневник“ направи интересна анализа за македонскиот фудбалски шампион Вардар, за кого вели дека „мил