На македонската сцена се некаде од 2010-та година, за веќе во 2012-та да имаат одлична година со многу хитови кои придонесоа македонската јавност да ги запознае многу подобро. Станува збор за Скипи и Тајзи кои на овогодинешната Златна Бубамара на популарноста се закитија со две награди, награда за откритие на годината и награда за најдобар спот за хитот „Екскјуз ми“.
1. Годината која измина беше одлична за вас, полна со успеси, нови песни, видео записи и слично. Како ви започна 2013-та и кои се вашите планови за оваа година? Скипи: Годината ни започна со многу љубов и почит. Излезе новата песна на Тајзи, „Љубов“. За оваа година, некаде во април планираме нов спот на некое хип хоп, диско хитче, следно е реге балада, кое го планираме да биде летно хитче и некаде во мај да го промовираме вториот албум, за кој соработуваме со Роберт Саздов и Роберт Билбилов. И да го ожениме Тајзи. (се смее)2. Очекувавте ли две бубамари на Златна Бубамара на популарноста? Тајзи: Па, пред се очекувавме да бидеме откритие на годината за 2011-та, но сепак фала на наградата како и за оваа така и за таа за најдобар спот за „Екскјуз ми„. Не очекувавме две, но сепак очекувавме барем некоја награда затоа што мислам дека вредиме за да бидеме наградени. 3. Каде може да ве видат вашите обожаватели? Скипи: На Фејсбук. (се шегува Скипи)Не сме ние од тие артисти што се кријат по градов и глумат ѕвезди, ние сме многу на земја, на место, можам да кажам сам за себе, достапни сме за народот, за нашите фанови. Може да не видат насекаде низ Скопје, Куманово, бидејќи Тајзи е од таму и често е во својот град. 4. Како се одвива вашата организација за правење на една песна, кој пишува текстови, кој ја прави музиката? Скипи: Најчесто јас сум задолжен за музиката, а Тајзи за текстовите, но си помагаме еден на друг, си даваме совети, со некои исправки функционираме како едно што е најважно. 5. Кој беше вашиот прв албум, кои песни станаа хитови од него, каде и кога беше неговата прва промоција? Скипи: Албумот излезе 2010-та, промоцијата беше во Куманово во клубот „Версај“, кои помогнаа околу таа промоција, бидејќи тоа време не бевме многу познати. Од првиот албум имаше некои 5-6 хита, од таму започна и целата оваа работа Скипи и Тајзи. Не можам да кажам дека беше премногу успешен, но не можам да кажам и дека беше премногу не успешен албум. Тоа што ни требаше, тоа и го направивме со албумот. Тајзи: Имаше над 2.000 копии на албумот кои ги делевме со секоја купена карта и албумот беше продаден за една вечер. Кој не следи поодамна знае дека и првиот албум е доста солиден, затоа што со него почнавме, па се појави една песна „Моментот“, која го назначи моментот на Скипи и Тајзи и од тука почна работата да иде на подобро, да оди напред, за сега да постојат „Екскјузми“, „Лето“, „Љубов“ и многу други хитови. Се надевам дека и тоа што го подготвуваме сега, ќе им се допадне на луѓето.
6. Што правите во слободно време, имате ли некое хоби? Скипи: Баскет, фудбал, плејстејшн, да се журкаме, да си поминеме убаво, без разлика на тоа што ќе видат и што ќе искоментираат. Тајзи: Свои сме и не се водиме по некои принципи во животот, демек не имало на телевизија, па сега да се криеме од луѓето. Опуштени сме и тоа ни е предноста. 7. На кој начин сакате да се забавувате? Скипи: Секако со добри луѓе, важни луѓе од нашиот живот, а другото не ми е важно, посебно не местото каде што сум. 8. Доколку не би биле ова што сте денес, имате ли некоја скриена професија која сакате да ја пробате во животот? Тајзи: Да, стриптиз, бидејќи најмногу сакав стрипови. (се смее) Моментално спремам магистратура на МИТ, Јавна администрација и локална самоуправа, но сепак не се пронаоѓам во таа работа, сепак доколку би бирал повторно би се занимавал со музика, цел живот. Дури некогаш и да работам друго, сигурен сум дека ќе се занимавам со музика.
Скипи: Јас завршувам на Факултет за безбедност и финансиска контрола, На првото интервју, на радио кога пеев една песна, ме прашаа „што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“, јас им одговорив „милицаец“. 9. Како и каде се снимаше спотот за песната „Моментот“? Скипи: „Моментот“ моментално има 2 милиони гледаност, што сме многу задоволни поради тоа. Се снимаше со голема помош на нашите пријатели Бојан Стоилковски кој снимаше со својата камера, Џимиринки продукција кои ни помогнаа во монтажата и во режија, а другото сме си јас и Тајзи. Тајзи: Идејата беше наша. Сите идеи и сценарија, сакаме да бидат наши пред се. Нормално дека прифаѓаме некои совети, посебно од некој што повеќе се разбира во тие работи, но сепак сакаме во тоа што ќе го направиме да бидеме ние и токму поради тие работи кога ќе земеме некоја награда ни е многу драго што никој ниту вложил пари во нас, ниту спонзорство, ниту било каква помош. Сето тоа што сме го направиле е дело на Скипи и Тајзи. Тоа што треба да го направиме и мислиме дека ќе го направиме ако ни успее фановите и сите останати ќе го слушнат и ќе го видат наскоро, бидејќи правиме многу добар нов материјал.
Скипи и Тајзи најчесто може да се видат на настапи низ Македонија. Во сабота на втори март, ќе бидат гости на концертот на Куку Леле во Колосеум. Ќе настапат како пред група, а ќе следува изненадување песна заедно со Куку Леле. Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На македонската сцена се некаде од 2010-та година, за веќе во 2012-та да имаат одлична година со многу хитови ко