ŠKODA Octavia и Superb ќе бидат „Најдобри автомобили на 2014″ според автомобилските фанови

Бројни иновации и комфор, висока безбедност и економичност карактеристика на новата генерација автомобили на ŠKODAЗа повеќе од 115.000 читатели на реномираниот германски магазин“Auto Motor und sport” ŠKODA Octavia и ŠKODA Superb ќе бидат „Најдобри автомобили на 2014″ во нивната класа, во категоријата на увезени автомобили во Германија, покажува најновата анкета на овој магазин. Во категоријата на мали автомобили ŠKODA Fabia се најде на третото место, што севкупно е петта победа за чешкиот производител, во последните четири години.
Најмодерните технолошки додатоци, бројните „едноставно паметни” решенија, и многу други вградени корисни уреди кои овозможуваат патувањето со моделите на ŠKODA биде поубаво и позабавно, безбедно, а притоа економично, не остана незабележано од љубителите на автомобилите.

Во тој контекст особено е неприкосновена ŠKODA Octavia, за која за „Најдобар автомобил на 2014″ гласаа дури 18.4% од учесниците во анкетата, и покрај силната конкуренција. Дека овој автомобил навистина е популарен меѓу германците потврдува и статистичкиот податок според кој третата генерација од најпродаваниот автомобил на Шкода е меѓу 10-те автомобили кои најчесто се регистрираат. Superb, знаменосецот на ŠKODA се најде на врвот 4-ти пат по ред,  22.2% од читателите го изгласаа за најдобар увозен автомобил во средната класа. ŠKODA Fabia исто така си обезбеди место на подиумот, во категоријата на мали автомобили, каде 8.6% од гласачите ја избраа на третото место.
„Ни претставува задоволство што оваа година ги освоивме читателите на ‘Auto Motor und Sport’ со ŠKODA Octavia и ŠKODA Superb” рече др. Франк Велш, член на управниот одбор за развој за време на церемонијата на доделување награди во Штутгарт.
„Резултатите покажуваат дека брендот ŠKODA ги прави вистинските автомобили за своите потрошувачи: атрактивни, практични, високо-квалитетни возила со модерна технологија и паметни идеи, кои во однос на цената – имаат одлична вредност”
ŠKODA ја имплементира “GreenFuture” стратегијата која има за цел производството на енергетски ефикасни возила и уште поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата, што индиректно ќе придонесе и кон зачувување на животната средина. Целокупното производство на Škoda до 2018 година ќе се преструктуира, што ќе доведе до 25% помала потрошувачка на енергија и вода, помала емисија на јаглерод диоксид, како и производство на автомобилски делови кои во целост ќе може да се рециклираат.

 

Дел од наградите
Во последно време ŠKODA има голем успех на интернационалниот пазар, особено со новата Octavia, која собра многу престижни награди. Во Германија читателите на „AUTOStraßenverkehr” и „Eltern”  ја изгласаа Octavia за „Семеен автомобил на годината”. Octavia RS исто така беше прогласена од читателите на „Auto Bild Sportscars” за најспортска серија во салоните за 2013 година. Во Русија читателите на „Za Rulem” ја изгласаа Octavia за победник во категоријата „Најдобра вредност за парите”. Во Швајцарија, пак, Octavia го освои одличното второ место од читателите на „Schweizer Illustrierte” за „Најпопуларен автомобил меѓу Швајцарците”. Во Финска, Данска, Словенија, Литванија и Латвија, третата генерација на Octavia е “Автомобил на годината”. Дури и на домашниот пазар во Република Чешка, Octavia поминува многу добро, неодамна освојувајќи ја титулата “Автомобил на годината 2014” од страна на публиката. Дополнително, новата Škoda Octavia е номинирана за финалното гласање во конкуренцијата “Автомобил на годината 2014”. Само седум од вкупно 30 автомобили влегоа во потесниот избор за “Автомобил на годината”, една од најпрестижните и најпосакуваните светски автомобилски награди. Победникот ќе биде објавен во почетокот на март во Женева.
Škoda Auto
Една од компаниите со најдолга традиција на производство на автомобили во светот.  Уште од 1895 година, од седиштето во Млада Болеслав во Чешка, започна со производство прво на велосипеди, а потоа и на мотоцикли и на автомобили. Во моментов има седум патнички модели на возила: Citigo, Fabia, Roomster/Praktik, Rapid, Octavia, Yeti и Superb. Испорачани се околу 920.800 возила на клиентите од целиот свет во 2013 година. Дел е од групацијата Volkswagen од 1991 година, која е една од најуспешните во светот. Škoda, во соработка со VW групацијата, независно произведува и развива возила, како и автомобилски делови, мотори и друга опрема. Работи на три локации во Чешка, произведува во Кина, Русија, Словачка и Индија, главно, преку партнерствата на групацијата, како и во Украина и Казахстан преку локалните партнери. Вработува над 26.400 луѓе на глобално ниво и активна е на повеќе од 100 пазари.За повеќе од 115.000 читатели на реномираниот германски магазин“Auto Motor und sport” ŠKODA Octavia

Пронајдете не на следниве мрежи: