› Автомобил кој ги исполнува сите барања со изобилство од простор, висока функционалност и динамичен дизајн
› Врвна 4×4 технологија со Haldex 5 спојка
› Четири мотори: 1.6 TDI/77 kW, 2.0 TDI/110 kW, 2.0 TDI/135 kW и 1.8 TSI/132 kW
› Понудата на автомобили со погон на сите тркала од брендот ŠKODA достигна седум модели: најново и најшироко европско портфолио во компактната и средната класаŠKODA Octavia лимузина сега е достапна и со погон на сите тркала. Новата ŠKODA Octavia 4х4 ја комбинира високата практичност на лимузина со погон на сите тркала со веќе докажаните квалитети на моделот Octavia. Во автомобилот се вградуваат три дизелски и еден бензински мотори. Во моментов семејството на Octavia брои седум члена, од кои три имаат погон на сите тркала. Во исто време, ŠKODA ја проширува својата 4×4 понуда на вкупно седум возила.
„Со ŠKODA Octavia 4х4, ние ја прошируваме понудата на нашиот најважен модел со атрактивна верзија и уште еднаш ја докажуваме нашата висока конкурентност кај возилата со погон на сите тркала“, изјави членот на одборот за продажба и маркетинг на ŠKODA – Вернер Ајхон.
Управувањето на ŠKODA Octavia 4×4 е импресивно – без оглед на тоа дали се вози на асфалт, на угорнини или удолнини, тежок терен или проблематични ситуации. Сето тоа го овозможува петтата генерација на Haldex спојката, базирана на технологијата за погон на сите тркала, во комбинација со моќните мотори и комфорната внатрешност.
ŠKODA Octavia 4×4 сериски e опремена со електронска блокада на диференцијалот (EDL). Задната оска има иновативно мулти линк потпирање со една надолжна и три попречни водилки по тркало и стабилизатор. Прецизната интеракција меѓу овие технологии овозможува врвно управување, одлична способност за извлекување од свиоци, молскавично забрзување и голем капацитет за влечење.
Најмладиот член на семејството Octavia 4х4 ги поседува извонредните квалитети кои ги поседува ŠKODA Octavia со погон на предните тркала: таа е луксузна, просторна и многу практична со голем број „Simply Clever“ решенија. Автомобилот има иновативни системи за безбедност и системи кои овозможуваат комфор како и ниска потрошувачка на гориво, динамичен и елегантен дизајн.
Haldex 5 технологија за погон на сите тркала, мотори со високи перформанси, одлични управувачки карактеристики
Погонскиот систем на ŠKODA Octavia 4х4 е еден од најмодерните и најефикасни кога станува збор за технологијата за погон на сите тркала. Преку контролната единица на Haldex 5 спојката, системот за погон на сите тркала е програмиран да го пренесе вртежниот момент главно на предната оска во нормални услови и при мали оптоварувања. Доколку е потребно, во дел од секунда се вклучува и задната оска, тоа се случува толку брзо така што не е можно да се изгуби контактот со подлогата.
Новата ŠKODA Octavia 4×4 има импресивен капацитет за влечење. Возилото со 2.0 TDI мотор со 110 kW 150 КС може да влече до два тона.
Во автомобилот се вградуваат вкупно четири мотори: три турбо дизел мотори и еден турбо бензински мотор.
1.6 TDI моторот со Green tec технологија има 77 kW 105 КС, а комбинираната потрошувачка изнесува само 4.5 l/100 km. Емисијата на CO2 изнесува 119 g/km. Со основниот мотор, Octavia 4х4 забрзува од 0 до 100 km/h за 11.5 секунди, а максималната брзина изнесува 191 km/h.
2.0 TDI со Green tec технологија има 110 kW 150КС и троши 4.7 l/ 100 km, емисијата на CO2 изнесува 122 g/km. Автомобилот со овој мотор ја достигнува максималната брзина од 215 km/h. Забрзува од 0 до 100 km/ h за 8.6 секунди.
Помоќниот 2.0 TDI мотор со Green tec технологија има 135 kW и троши 4.9 l/100 km. Емисијата CO2 е 129 g/km. Со овој мотор Octavia 4×4 забрзува од 0 до 100 km/h за 7.1 секунди. Максималната брзина е 228 km/h.
Бензинскиот 1.8 TSI мотор со Green tec технологија произведува 132 kW 180 КС и стандардно доаѓа со автоматски шест брзински DSG менувач. Комбинираната потрошувачка со овој мотор изнесува 6.7 l/ 100 km, што е соодветно на 154 g/km емисии на CO2. Octavia 4х4 1.8 TSI ја достигнува максималната брзина од 229 km/h. Забрзува од 0 до 100 km/h за само 7.4 секунди.
Со новата Octavia 4×4 лимузина, понудата на 4×4 модели од ŠKODA сега брои седум возила: ŠKODA Octavia 4х4, ŠKODA Octavia Combi 4х4, ŠKODA Octavia Scout, ŠKODA Yeti 4х4 и ŠKODA Yeti Outdoor 4х4, како и ŠKODA Superb 4х4 и ŠKODA Superb Combi 4х4. Со сите овие модели во компактната и средната класа ŠKODA има најнова и најширока понуда на возила со погон на сите тркала во Европа.ŠKODA Octavia лимузина сега е достапна и со погон на сите тркала. Новата ŠKODA Octavia 4х4 ја комбинира високата практичност на лимуз