– Лапи и Ферм убедливо победија во Латвија
– Виганд и Кристијан при нивниот прв настап завршија на петтото место
– Развој на Fabia R5 e приоритет за 2014 годинаŠKODA победи на првото рели од новата сезона на FIA – европскиот рели шампионат. Дуото од Финска, Лапи и Ферм, триумфираше во Латвија со Škoda Fabia Super 2000 на вториот ERC настан оваа година и тоа убедливо со 34,7 секунди предност пред второпласираниот тим. Тимските другари од Škoda Motorsport, Германците Виганд и Кристијан завршија на петтото место откако поминаа 240,56 километри со заостанување од 3 минути 16 секунди и 1 стотинка.
“Јас и Јане Ферм сме многу среќни“ изјави Лапи, кој победи на седум од дванаесет фази во Латвија. 23 годишниот Финец најпрво го презеде водството, но во еден момент ја препушти првата позиција на второпласираниот тим. Меѓутоа, Лапи со перфектното возење на крајот успеа да избие на првото место и ја прослави третата ERC победа во својата кариера.
“Ова беше многу тешко рели за нас, иако ние сме Финци и сакаме снег”, изјави Лапи и додаде: ” Нашите конкуренти ништо не ни дадоа, требаше да се бориме за секоја стотинка. Fabia Super 2000 е фантастичен автомобил и ги покажа своите беспрекорни перформанси од првиот до последниот метар. Му се заблагодаруваме на целиот тим. Релито на мраз беше тешко за сите нас. Сега се подготвуваме за нашата следна трка. ”
Директорот на Škoda Motorsport, Михаил Храбнек изјави: “Им честитам на Лапи и Ферм на нивната трета победа. Тие во Латвија уште еднаш го потврдија својот талент. Можеме да бидеме задоволни со стартот на новата сезона. Меѓутоа, наш приоритет за 2014 година ќе биде развојот на новата Fabia R5. ” Релито во Латвија е втор настан од ERC сезоната. Поради тоа што релито во Романија, планирано за крајот на февруари, беше откажано поради лошите временските услови. Возбудувањата продолжуваат на 28 март со легендарното рели „Акропол“во Грција, кое е следен предизвик за тимот на ŠKODA.ŠKODA победи на првото рели од новата сезона на FIA – европскиот рели шампионат. Дуото од Финска, Лапи и Ферм, триумфираше во Латвија