Со својата просторност, функционалност, како и со својот дизајн, Škoda Rapid Spaceback поставува нови стандарди во сегментот.Динамичната силуета на Rapid Spaceback ја одбележуваат јасни линии, динамични контури, карактеристична игра со светлината и сенките – главниот дизајнер на Škoda Јозеф Кабан и неговиот тим направија одлична работа. ŠKODA Rapid Spaceback е јасен, единствен со посебни шик моменти. Автомобилот зрачи со спортска свежина и динамична елеганција, а сето тоа го прави атрактивен и привлечен на прв поглед.
Како прв ŠKODA хечбек модел во компактната класа , Škoda Rapid Spaceback е уште една пресвртница за брендот “, изјави раководителот за развој во ŠKODA Auto, Френк Велш и додаде “Ние за прв пат имаме свој претставник во најсилниот европски автомобилски сегмент. Škoda Rapid Spaceback е совршен автомобил за младите луѓе и за семејствата “, ŠKODA Rapid Spaceback го комбинира динамичниот свеж дизајн со одличните квалитети на ŠKODA, ние очекуваме дека овој модел со тие предности ќе се разликува и визуелно и функционално од својата конкуренција. “Новиот Rapid Spaceback е атрактивен нов член во класата, возилото e единствено и има неспоредлив пакет на опрема”, додаде Велш.
Гледан од страна ŠKODA Rapid Spaceback има специјални моменти. Во споредба со конвенционалните хечбек модели, тој е поспортски и подолг. Се разликува од конкуренцијата, како според изгледот така и според функционалноста. Динамична силуета на Rapid Spaceback обележана со јасни и остри линии, има долго меѓуоскино растојание од 2602 милиметри. Rapid Spaceback има и C и D столб кај третиот страничен прозорец. Заедно со тенките столбови, прозорците создаваат пријатен пријателски амбиент во внатрешноста и обезбедуваат одлична прегледност.
Индивидуалноста е во фокусот кај Rapid Spaceback: Најважен момент е дека тој е огромен, а по желба може да се нарача и со панорамски стаклен покрив кој им нуди на патниците непречен поглед кон небото и се протега од ветробранското стакло до прозорецот на петтата врата. Тоа е најголемиот стаклен покрив кој некогаш бил понуден кај моделите на Škoda. Како резултат на тоа , патниците имаат доволно светлина во кабината и чувство за простор. Покривот ги има следниве димензии: 1713 на 1155 милиметри а видливиот простор изнесува 1210 на 780 милиметри.
Škoda Rapid Spaceback е паметен компактен автомобил, кој вклучува многу “Едноставно Умни” решенија, како што е двоен под во багажникот на возилото, кој го дели подот со две хоризонтални прегради кога е потребно, гребалка за мраз поставена во внатрешноста на поклопецот на резервоарот, многу држачи за различен товар, мрежи и прегради во багажниот простор. Моторите кои се вградуваат се четири бензински и две дизел верзии. Набрзо откако ќе биде лансиран на пазарот Rapid Spaceback , ќе се појави и GreenLine верзијата со емисија на 99 g CO2 на километар. Во однос на безбедноста на Rapid Spaceback, тука се бројните активни и пасивни безбедносни системи.Динамичната силуета на Rapid Spaceback ја одбележуваат јасни линии, динамични контури, карактеристична игра со светлината и сенки