ŠKODA Rapid, компактниот седан ја освои една од најпосакуваните светски награди, наградата „RED DOT“за дизајн на производ. Стручното жири, на најголемиот светски натпревар за дизајн, секоја година ја доделува оваа меѓународна награда “RED DOT” која претставува препознатлив печат за квалитет и исклучителен дизајн. ŠKODA Rapid е шести модел на ŠKODA кој е почестен со наградата “RED DOT”.
Совршените пропорции, јасните и чисти површини и остро извлечените линии го карактеризираат новиот ŠKODA Rapid. Во 2012 година, Rapid е првиот модел на ŠKODA кој го има новиот дизајнерски израз на брендот. Дизајнот е јасен, прецизен, свеж и емоционален. Покрај својот карактеристичен изглед, Rapid импресионира со многу простор, одличен сооднос цена / вредност, целосна опрема за безбедност и штедливи мотори. Овој компактен седан поставува стандарди во својата класа и може да се пофали со голем багажен простор од 550 литри со можност истиот уште повеќе да се зголеми со преклопување на задните седишта. Жирито на “RED DOT” наградите, составено од 37 реномирани дизајнерски експерти, ги признаа овие квалитети. Секоја година жирито спроведува тестови на новите производи и ги оценува според повеќе критериуми како на пример: нивното ниво на иновација, функционалност, ергономијата, долготрајност, еколошка компатибилност инт.
“Дизајнерскиот тим на ŠKODA и јас сме многу среќни за оваа награда. Ние напорно и посветено работевме при развојот на новиот дизајн на ŠKODA, Rapid е првиот модел од нашата гама со овој нов дизајн”, изјави Јозеф Кабан, директор за дизајн во Škoda Auto “За нас, оваа награда е големо признание за нашиот труд” – додаде тој.
Оваа година, 1865 дизајнери, архитекти и компании од 54 земји, аплицираа со вкупно 4662 производи – тоа се најголем број на апликации во историјата на “RED DOT”наградите. За 2013 година, наградите “RED DOT” беа поделени во 19 различни категории. Брендот ŠKODA им е добро познат на експертите. Впрочем, во 2010 година, два модели на ŠKODA, Yeti и Superb, беа добитници на наградите “RED DOT”.
Škoda Fabia ја освои наградата во 2008 година, а Škoda Roomster во 2007 година. Првата победа, ŠKODA за забележа во 2006 година кога ја освои наградата “RED DOT” за популарна Octavia Combi. Со последната награда бројот на посакуваните “RED DOT” награди изнесува шест.
“RED DOT”наградите за дизајн ќе бидат доделени во Aallto театарот во Есен, Германија, на 1 јули 2013 година. Од 2 јули до 28 јули, во музејот на “RED DOT” во Есен ќе бидат презентирани сите производи во чест во една специјална едиција наречена „Дизајн на сцена“ – со добитниците на “RED DOT” наградите „дизајн на производ за2013 година”ŠKODA Rapid, компактниот седан ја освои една од најпосакуваните светски награди, наградата „RED DOT&ldquo