Кинескиот трговски вишок во јануари е зголемен за 7,7 отсто на годишно ниво поради неочекуваниот силен скок на извозот и увозот, покажаа најновите податоци на кинеската царинска управа објавени во петокот.Трговскиот вишок на Кина во Јануари достигнал сума од 29,2 милијарди американски долари.Извозот на втората најголема економија во светот скокнал за 25 отсто на годишно ниво, на 187,4 милијарди долари, додека увозот се зголемил за 28,8 проценти, на 158,2 милијарди долари, соопшти кинеската царинска управа.Притоа се напомнува дека јануари 2013 година имал повеќе работни денови отколку јануари 2012 година, поради годинешниот почеток на Кинеската нова година, што влијаело врз резултатите.Доколку се изземе ефектот од празниците, извозот е зголемен за 12,4 отсто, а увозот за 3,4 проценти во однос на јануари 2012 година, се додава во соопштението.„Податоците укажуваат на силна и домашна и надворешна побарувачка, што ги поткрепува нашите ставови дека економијата е на пат на циклично заздравување во првата половина од оваа година“, коментира за AFP Жанг Жвеи, економист од компанијата „Nomurо International“.Кинеското стопанство минатата 2012 година пораснало за 7,8 отсто во споредба со претходната 2011 година, што е неговото најслабо растење од 1999 година, а според економските аналитичари е последица на слабоста на домашниот и на клучните странски пазари.Во последниот квартал од минатата година, кинеското стопанство пораснало за 7,9 отсто на годишно ниво, како последица од јакнењето на индустриското производство и прометот во малопродажбата, со што е сопрен трендот на забавување на растот кој ги одбележи претходните седум последователни квартали.
Макфакс Кинескиот трговски вишок во јануари е зголемен за 7,7 отсто на годишно ниво поради неочекуваниот силен скок на извозот и увозот, покажа