Скокна во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко

Е.К. (30) од Пехчево синоќа околу 19:10 часот скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко.Немилиот настан се случил на автопатот Скопје – Велес кај местото Ветерско, а Е.К. и покрај потрагата која траела до полноќ, не бил најден.
Како што соопшти полицијата, Е.К. најпрво се паркирал со возило на просторот кај Ветерско, потоа излегол од него и скокнал. Пребарување на теренот извршила екипа од ЕСЗ „Тигар“, но безуспешно.
Рано утрово околу четири часот Интерното  одделение на ЈЗУ – Велес пријавило дека лекарска помош побарало лицето Е.К., кое било донесено од роднина.
Се работи на целосно расчистување на случајот.Немилиот настан се случил на автопатот Скопје – Велес кај местото Ветерско, а Е.К. и покрај потрагата која траела до полноќ, не бил најден.

Пронајдете не на следниве мрежи: