Сколари удри по Ковач: Милиони не видоа пенал ама судијата виде

Селекторот на Бразил Сколари одговори на обвинувањата на хрватскиот колега дека гостите биле ограбени со досудување на непостоечки пенал, а тоа го виделе милијарди луѓе.- Милијарди не виделе пенал, но судијата виде. Како што кажав пред некој ден, арбитрите решаваат, а ние мислиме дека беше пенал, вели Сколари.
* Велите дека беше пенал?
– Десет пати ја прегледав повторената снимка и мислам дека беше пенал. Исто така некои прекршоци не ги свиреше за кои мислам дека беа, не даде картони на одредени играчи иако мислам дека требаше. Но тоа се негови проценки, вели селекторот.
 
*Ковач силно тврдеше дека тоа е смешно, дека ќе биде циркус ако се продолжи да ваков начин.

– Не можам да коментирам што рекол хрватскиот селектор, но ќе истакнам дека Бразил пет пати бил светски првак. Бевме на пет циркуси кои се организирани за Бразил да биде светски првак. Ги немавме Карлос Алберто, Пеле, Роналдо, Ромарио… Ок, разбирам дека Ковач морал тоа да го каже со оглед на резултатот и јас би го кажал тоа да сум во негова кожа. Но, ние не доаѓавме до титули затоа што ни помагаа судиите, нагласи Сколари.
– Милијарди не виделе пенал, но судијата виде. Како што кажав пред некој ден, арбитрите решаваат, а ние мислиме дека беше пенал, вели Сколари.

Пронајдете не на следниве мрежи: