Вчера наутро во 09.00 часот во ПС-Центар, Ж.М.К. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 04.30 часот во локал на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје физички бил нападнат од лицето М.К.Напаѓачот дошол во локалот и без повод и причина почнал да го удира Ж.М.К. во пределот на главата, додека истиот седел со неговата девојка и негов другар.
Ж.М.К. успеал да се затвори во тоалетот и кога излегол надвор по некое време забележал дека предното и задното вертобранско стакло и стаклата од десната страна на неговото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, му се искршени. Исто така, бил набиен и предниот браник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Напаѓачот дошол во локалот и без повод и причина почнал да го удира Ж.М.К. во пределот на главата, додека истиот седел со неговата девојка и негов