SKOPJE DESIGN WEEK во подготовка да ја задоволи балканската дизајн сцена

Нешто по што Македонија полека станува препознатлива е дизјанот, не само како дестинација каде се случува Skopje Design Week (СДВ), туку и по сè побројни млади дизајн брендови кои покрај застапеноста на домашниот пазар храбро чекорат и на регионалните пазари. Македонската изложба под традиционалниот наслов “Министерство за задоволство” во организација на Јавна Соба по трет пат ќе се претстави на “Дан Д” во Загреб од 30 мај до 1 јуни, “Миксер” во Белград од 5 до 8 јуни и “Тирана недела на дизајн и архитектура”, од 23 септември до 15 октомври. Оваа година во рамки на националната македонска дизајн презентација застапени се Завар Дизајн, Творница, Нина Нинеска и Лотус.
Иако сеуште не можеме да бидеме премногу горделиви на некоја енормна дизајн продукција, Јавна соба изврши селекција на 4 реномирани и млади македонски дизајн брендови кои ќе се претстват на регионалната сцена. Со почетокот на формирањето домашната дизајн сцена, поточно со почеток на СДВ, се даде шанса на млади креативни поединци и компании да започат со афирмација на идеја или готов производ, вмержување со други компании и отпочнување на соработка, добивање на критика од еден релевантен слој во  општеството. Сè додека примарниот фокус на СДВ е да се креираат нови иновативни дизајн решенија и тие да се доближат до производните компании, на регионаната сцена овој пат се појавуваат компании и поединци од Македонија кои веќе ги пласираат своите производи во серии. Со цел да се зајакне нивната положба на регионаниот пазар и истите да бидат репер (дека се може) за младите дизајнери од земјата, напревен е токму овој избор во рамки.
Јавна соба е еден од иницијаторите за бреднирање на “балкански дизајн” и колективен настап на глобална сцена. Во рамки на развој на таа независна платформа, е соработката со регионалните дизајн фестивали. Оваа година на СДВ од 23 до 28 септември, балканската дизајн сцена ќе биде и офицаијлно промовирана пред меѓунадорната јавност со своја организација.Македонската изложба под традиционалниот наслов “Министерство за задоволство” во организација на Јавна Соба по трет пат ќе се претстави

Пронајдете не на следниве мрежи: