ВМРО-ДПМНЕ по традиција, постојано е помеѓу граѓаните, помеѓу народот, без разлика дали има избори, дали се наближуваат, или завршиле, во било која ситуација ВМРО-ДПМНЕ е тука да ги слушне проблемите, определени сугестии, критики, но и заедно со граѓаните да се обиде да изнајде решение, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на вечерашната трибина во општина Центар.-Започнавме со серијални трибини и средби со граѓаните од кои треба да произлезе новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори во април 2016 година. Од средбите имаме за цел да ги слушнеме проблемите, но и да слушнеме интересни идеи. До сега има собрано некаде околу 4.000 идеи. Најчесто доминираат проекти од областа на вработувањето, инфраструктурата, образованието, здравството, земјоделството, но има идеи и проекти и од сите други области.
Најмногу идеи има за вработувањето, бидејќи како што рече Тодоров, тоа е најгорливиот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Македонија.
-Во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата да раководи со Владата, Македонија имаше рекордно највисока невработеност во нејзината историја од над 38 проценти. Тоа беше период на тотална апатичност, во кој секојдневно се слушаа вести само за затворени фабрики, за пропаднати инвестиции, за невработени млади, за најголем демографски пад во историјата на Македонија… Воопшто не се работеше на решавање на клучниот проблем на граѓаните, а тоа е невработеноста.
Денеска, посочи Тодоров, невработеноста е намалена од 38 на 25,5 проценти.
-Тоа е најниска стапка на невработеност во историјата на независна Македонија. Но, треба уште да се намали и макотрпно, посветено и плански се работи на тоа, како и на привлекување на странски инвестиции, креирање на поволности за домашните инвеститори, се со цел отворање на нови работни места. Секое едно ново работно место е значајно.
Потенцираше и дека се отворени 140 илјади работни места, и додаде дека покрај на намалување на невработеноста, се работи и на сите останати сегменти, како што се земјоделството, образованието, здравството…
-Земјоделството е гранка која претходно беше многу запоставено, а земјоделците не добиваа субвенции. ВМРО-ДПМНЕ ги воведе субвенциите и досега исплати над 780 милиони евра субвенции за земјоделците. СДСМ во тој период не нарекуваше земјоделско-селска Влада, за да не навреди и омаловажи, а денеска глумат една лажна душегрижничка улога која си ја задале, за наводно да им помогнат на земјоделците, рече Тодоров.
Од другата страна, потенцира министерот, имаме политичка гарнитура која многу лесно дава ветувања, а многу тешко или никогаш не ги реализира.
-Се сеќаваме сите на бранковата изрека „по еден вработен во секое семејство“, но реализација нула. Неговиот политички наследник Зоран Заев целосно ја наследил таа карактеристика да вети, а да не исполни. Зоран Заев на локалните избори во Струмица вети дека ќе изгради индустриска зона во Струмица каде што ќе има 30 фабрики кои ќе вработат над 3.000 струмичани. Денес сме 2015 и не само што нема зона, ни фабрики, туку нема ни едно вработување. Дали има логика на таков човек да му веруваме дека тоа што ќе го ветува со програмата ќе го реализира, праша Тодоров и додаде дека очекува СДСМ да излезе со нереална програма и ветувања, кои нема ни намера да ги реализира.
Нив ќе ги оставиме на страна рече Тодоров, а ние ќе си одиме по нашиот пат, а тоа е патот на проекти, политики кои се во функција на граѓаните, патот на отворање на нови работни места, на инвестиции во здравство, образование, инфраструктура, патот на реализација на овие благородни дела кои сме ги ветиле на граѓаните на Македонија.-Започнавме со серијални трибини и средби со граѓаните од кои треба да произлезе новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори во април 2016