Скопје ќе му помогне на Белград околу поплавите

Градските власти во Скопје се во постојан контакт со градските власти во Белград и стојат на располагање доколку треба да се помогне.По повод големите поплави кои го зафатија регионот и пред се Република Србија, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски деновиве е во постојан контакт со градоначалникот на Град Белград, Синиша Мали.
Градоначалникот Трајановски понудил помош за граѓаните на Белград за полесно справување со последиците од поплавите, а од нивна страна е побарана иницијална помош во вид на вреќи за песок и флаширана вода.
Попладнево од Град Скопје е упатена иницијална помош во вид на 50.000 вреќи за песок и еден шлепер со флаширана вода. Понатаму Градот Скопје ќе испрати помош во зависност од потребите, а во план е да се испратат вреќи за спиење, основен хигиенски и санитетски материјал и друго.По повод големите поплави кои го зафатија регионот и пред се Република Србија, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ден

Пронајдете не на следниве мрежи: