Во петок на 20-ти јануари во клубот Епицентар гостува светски познатиот продуцент и диџеј, Monoloc кој доаѓа од Франкфурт, Германија. Љубителите на градските забави ќе имаат можност да го почувствуваат техно ритамот во клубот.„Диџејот во Скопје има своја верна публика и токму поради овој факт ние сме презадоволни што клубот Епицентар за прв пат ќе биде домаќин на Monoloc кој ќе настапи со повеќечасовен диџеј сет. Тој е диџеј со силен креативен печат на сцената, познат по неговите техно и електро сетови. Забавата ќе ја отвори македонскиот диџеј и продуцент Роботек. “ велат од Епицентар.
Во својот роден град, се до дваесеттата година Sascha Borchardt (Monoloc), се занимава со своите две страсти, готвењето и собирањето електронска музика. Започнува да пушта во помали клубови и на приватни забави, а почетокот на 2002 година ќе биде претставен на германскиот техно пионер, Chris Liebing, кој ќе ги отвори вратите на неговото студио за овој талентиран продуцент.
Monoloc денес има изданија за повеќе издавачки куќи како CLR Records, Dystopian, Soma Records, Life & Death, Hotflush Recordings, Afterlife. Интересно е што неговата продукција е вистински предвесник на трендот на најновата генерација обожаватели на техно музиката. Токму затоа ужива огромна почит од помладите ДЈ-и и продуценти кои го следат трендот на длабока, темна и експериментална техно продукција.„Диџејот во Скопје има своја верна публика и токму поради овој факт ние сме презадоволни што клубот Епицентар за прв пат ќе биде до