Скопје креатива понуди 5 дневна поинаква приказна

Отворањето на есенската културна сезона се случи преку 60 активности кои беа дел од Скопје креатива 2015 – Фестивалот за креативни индустрии.Во текот на изминатите 5 фестивалски денови под мотото „Скопје – мојот град!“ се одржаа изложби, презентации, предавања, работилници, панел дискусии поделени во категориите – моден, графички и индустриски дизајн, мултимедии и перформанси во јавен простор.
Посетителите имаа можност да учествуваат на серијата презентации. За улогата на интернетот и социјалните мрежи, кои се огромно поле за креативно изразување презентација имаше Драган Варагиќ. Дел од програмата вклучуваше и неколку презентации на Seavus – Едукативниот и развоен центар, кој во своето едукативно портфолио содржи курсеви и обуки одлично скроени за младите креативци, како и на агенцијата Мекен Скопје која се однесуваше на начините како креативецот да се издвои од останатите. Изабела Рутковска од Полска се обиде да им ги доближи на сите учесници проектите кој ги реализираат ширум Европа, а кои имаат за цел интервенција во јавниот простор, а Слободан Јовановиќ го претстави Пактивити проектот за дизајн награди од Србија. 
Вера Бошковска, директор на ЈУ Конгресен Центар А.Македонски, за значењето на фестивалот изјави: „Проектот кој влезе во петтата година од своето постоење претставува уникатен настан кој на едно место ги обедини креативниот сектор, образовните институции и бизнис заедницата од земјава и регионот.“ Креативниот сектор на интернет алатки го претставуваа два проекти од земјава – ФИНКИ презентираа меѓудругото за апликациите за рано идентификување на опасност од природни непогоди, а Inteligent Network Solutions за апликацијата Skopje 2 Go и за неговата функција за олеснетото функционирање во рамки на градот. Работилници на Ласко Џуровски за типографски решенија, на Марија Ветероска за картички и мапи од стари дебармаалски градби, надополнети со изложбата на логоа од Костадин Танчев Динка беа проекти кои одлично го претставија македонскиот графички дизајн.
Дел од учесниците беа и Творница, Доминиум, Маријета Сидовски, Маре Трајковска и Стрип Центар на Македонија, кои се претставија со своите производи на кои работеа изминативе неколку месеци.
Голем интерес предизвикаа работилниците и на странските гости. За дизајнот и неговот значење презентации и работилници одржаа Марко Миладиновиќ од словенечкото дизајн студиото Армада, Борут Вилд – професор и дизајнер од Србија со долгогодишно искуство во социјалниот дизајн. Од регионот гостуваа и организаторите на Тиранската недела на дизајнот, кои на учесниците им ги претставија амбициозните дизајн проекти од престолнината на Албанија.
Модниот дизајн беше застапен од Изет Цури, реномираниот скопски моден дизајнер кој со години живее и успешно работи во Париз.
Програмата на Скопје креатива 2015 вклучуваше и работилници за развивање на креативноста кај дечињата. Од Полска гостуваше Јан Бајтлик – најперспективниот полски типограф и графички дизајнер и автор на типографски книги за деца, кој одржа работилница за деца кои цртаа постер за 8. Меѓународен конкурс за плакат на тема „Сите за луѓето со хендикеп“.
Во текот на изминатите пет фестивалски вечери беа покажани и анимациите од реномираната полска школа за анимација и филмските остварувања на студенти од Факултетот на драмски уметности и мултимедијалните содржини продуцирани од ОХО.
Дневната програма беше надополнета со вечерната музичка селекција на настапи на домашни и странски диџеи и бендови – ПМГ Колектив, DJ Зоки бејбе, Канда Коџа и Небојша, DJ Илина Ангеловска, Doesnt Frogs од Бугарија, DJ Ивана Драгшиќи.
Тања Балаќ – раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје посочи дека фестивалот расте од година в година и додава: „Иднината е на страната на оние градови кои што знаат да ги искористат креативните потенцијали на своите млади талентирани сограѓани. Мисијата на „Скопје Креатива“ е да им помогне на тие млади креативци да успеат на тој пат“.
Концептот на поп-ап сторовите се покажа како успешен дел од фестивалот, каде занаетчиите и уметниците можеа директно да се претстават на присутните и да ги понудат своите производи. Посебноста на овој проект беше и фактот што учество земаа сите образовни институции кои во своите програми содржат креативни правци
Фестивалот за креативни индустрии – Скопје Креатива 2015 ја оправда улогата на проект кој понуди поинаква скопска приказна, а воедно ги поддржува и промовира уметниците во и надвор од државата истовремено создавајќи основа за соработка помеѓу бизнис секторот и креативците.Во текот на изминатите 5 фестивалски денови под мотото „Скопје – мојот град!“ се одржаа изложби, презентации, предавања, раб

Пронајдете не на следниве мрежи: