Исто како и минатата година Кристијано Роналдо ќе ги пропушти големиот дел од подготовките на Реал Мадрид. Причината се големиот број натпревари во сезоната, Португалија како европски шампион ќе игра во Купот на Конфедерација, па најдобриот во светот доцна ќе го почне одморот.Но, токму поради тоа ќе добие малку подолг одмор, нема да патува ниту во Америка, нема да го игра „Ел Класико“ во Мајами против Барселона.
Роналдо ќе го пропушти и натпреварот со Манчестер Јунајтед, финалето во Суперкупот кој на 8-ми август се одржува во Скопје.
До тогаш тој треба да се врати во Мадрид, веројатно да тренира по посебна програма за да биде подготвен за шпанскиот Суперкуп кој на програмата е на половината од август.
Зијан ќе го штеди Роналдо за да може постепено да се враќа во форма, но и да избегнува повреди. Слично направија и минатата сезона.
Но, токму поради тоа ќе добие малку подолг одмор, нема да патува ниту во Америка, нема да го игра „Ел Класико“ во Мајами против Барсело