Скопје повторно дел од глобална кампања: Во понеделник пиј кафе или чај и плати со поезија

Поезијата – експлозија на емоции која инспирира и поврзува. Во понеделник, 21-ви март, Македонија за светскиот ден на поезијата по втор пат се приклучува на глобалната кампања на Јулиус Мајнл, „Плати со Поезија“ на Светскиот ден на поезијата.„Нурнете длабоко во себеси и споделете ги вашите чувства. Испијте го вашето кафе на Денот на поезијата и учествувајте во големата глобална кампања која се одржува насекаде низ светот, а платете со валута која е многу повредна и подобра од парите… вашите емоции. Поезијата може да го направи светот подобар. Поезијата е многу повеќе од зборови на прашливо парче хартија. Поезијата е акција, поезијата може да ви ги отвори нашите очи за општествените вистини, може да ги предизвика наследниот систем на вредности и може да ги поврзе нашите срца со она што навистина е битно“, се вели во видеото со кое се најавува глобалната кампања „Плати со поезија“ во која учествуваат познати поети од секоја од државите во која се спроведува акцијата.
Имено, Скопје по втор пат е дел од мрежата на повеќе од 30 градови во светот каде граѓаните можат да испијат кафе или чај и истите да ги платат со поема. По неверојатно успешната минатогодишна кампања „Плати Кафе со Поезија“ која за прв пат беше спроведена во нашиот главен град и истата беше поздравена од граѓаните и привлече огромно внимание од јавноста, оваа година Скопје повторно гордо е дел од глобалната акција. Минатата година се собраа повеќе од 600-та поезии, кои освен на македонски и албански, беа пишувани и на бугарски, турски, руски, германски, српски и англиски јазик.
Оваа година љубители на доброто кафе, вкусните чајни ароми и убавиот пишан збор се добредојдени во Венето во Скопје Сити Мол, Паладиум во Капиштец, Наргиле во Чаршија, Дион на Кеј и Баду во Порта Влае да го испијат своето кафе или чај и истите да ги платат со поезија и притоа имаат шанса да се дружат со реномирани поети од нашата држава.
Ова е листата на дел од поетите од Македонија кои што се вклучени во „Плати со поезија“ и истите ќе ги оценуваат поемите на граѓаните кои потоа ќе добијат и награди: Дарко Лешоски, Стефан Марковски, Марта Маркоска, Јован Илиевски, Ксенија Николова, Наим Илијази, Драгана Ефтимова, Мартин Богатиноски, Ана Голејшка, Љубица Шопова, Билјана Стојановска, Слаѓана Атанасова.
Плати со Поезија има и свој официјален евент на Facebook каде што се објавени сите дополнителни информации: https://www.facebook.com/events/210719145951887/
Над 30 земји и повеќе од 1000 кафетерии низ целиот свет. Плати со поезија на 21ви  март!„Нурнете длабоко во себеси и споделете ги вашите чувства. Испијте го вашето кафе на Денот на поезијата и учествувајте во големата глобална ка

Пронајдете не на следниве мрежи: