„Скопје стрит фестивал“ со силен поттик за урбаните дисциплини во градот

Графити, скејт, блејд, бајк, стритбол и денс се дисциплини кои беа дел од неодамнешниот „Скопје стрит фестивал“, а најдобрите учесници вчера попладне се дружеа и беа наградени. Големиот интерес, прикажан преку преполниот Градски парк, потврди дека овој собир дава силен поттик за развој на урбаните дисциплини во главниот град, но и во цела Македонија. На настанот, чиј главен поддржувач е „Пелистерка“, се собраа и низа талентирани стрит-уметници со уникатни хобија кои повикуваа на забава и даваа мотив плус за толеранција и за едукација.Победник во машка конкуренција беше персоналот од кафулето „Кино Карпош“, додека во женска „Баскет грлс бели“. На денс-стејџот, на првата позиција се искачија младите танчери од хип-хоп студиото „Аква“ кои срдечно и самоиницијативно ја споделија наградата со тимот што се пласира на третото место.

Забавата низ натпревар беше тоа што го спои персоналот од голем број скопски кафулиња, здружени скопјанки, професионални брејк-денс и хип-хоп тимови и останати урбани групи. Повеќе скопски кафулиња беа дел од стрит-бол натпреварите во машка селекција меѓу кои: Casa Di Borbone, „Кино Карпош“, „Баду бар“, „Барбакан бистро Бар“, „Ла кафетериа“, „Кала кафе“. Победниците на фестивалот беа наградени со викенд во Охрид, овозможен од „Пелистерка“.Победник во машка конкуренција беше персоналот од кафулето „Кино Карпош“, додека во женска „Баскет грлс бели“. На денс-стеј

Пронајдете не на следниве мрежи: