Обиколницата Скопје која беше затворена по невремето од саботата, попладнево од 17.55 часот е пуштена за сообраќај во двата правца, соопшти Автомотосојузот на Македонија.АМСМ информира дека има делови од коловозот кои се оштетени и таму се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.АМСМ информира дека има делови од коловозот кои се оштетени и таму се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.