Првиот човек на претпријатието најавува дека до Нова година ќе биде готова зградата под Kале, ќе се заменат сите азбестни цевки, ќе се купат 7.000 водомери на далечинско отчитување, а системот ќе биде подготвен за потенцијалните опасности од пролетни поплави.Состојбата во „Водовод“ ја оценувам далеку подобра во споредба со фабриката за шински возила во Велес од каде што дојдов, но предизвиците овде се далеку поголеми во однос на тоа дека целта на претпријатието, но и лично моја е Скопје да добива квалитетна вода за пиење 24/7 и да го заштитиме градот во овие години на поплави, кои настануваат поради климатските промени во светот, вели Александар Атанасов, кој од пред еден месец е генерален директор на скопското водоснабдително претпријатие.
Kои се приоритетите што си ги зададовте како први задачи, на пример, дали ќе ги обезбедите сите мерки за Скопје напролет да не биде поплавено?
– „Водовод“ ги има преземено сите мерки и активности за заштита од поплави поради поројни дождови. Дополнително се набавени 5 пумпи за испумпување со голема моќност, се чистат шахтите и сите колектори и се интервенира на критичните места.
Мојата цел и приоритети се да се остварат долгорочните развојни цели на претпријатието, преку долгорочно планирање на сите фактори што влијаат на работењето.
Управната зграда готова до крајот на оваа година
Една од поскапите инвестиции е административната зграда под Kале која е во изградба, за која неодамна беше подигнат и кредит од 7, 3 милиони евра, а вкупно ќе чини 10 милиони евра. Ќе има ли кондиција претпријатието да ја доврши и исплати, а во исто време да гради и да ја обновува потребната инфраструктура?
– Со големо задоволство можам да кажам дека во 2015 година продолжуваме со инвестициските активности поврзани со изградбата на новата управна зграда. Во ова инвестициско вложување, кое почна во вториот квартал на 2011 година и требаше да заврши до почетокот на 2014 година, поради објективни околности настана застој. Се планира изградбата да заврши до крајот на 2015 година. Учеството во овие вложувања ќе изнесува 450 милиони денари, кои се обезбедени со кредит.
Во изминава деценија се разви тренд на купување вода за пиење, иако водата од чешма, според градската власт е исправна и здрава за пиење. Kаков е нејзиниот квалитет, со оглед дека граѓаните најмногу забележуваат на цевките низ кои се спроведува и на бигорот?
– Kористењето вода за пиење во флаширана форма е резултат на повеќе фактори меѓу кои доминираат социодемографските. Секако дека право на избор на секој човек е што ќе користи и тоа треба да му се овозможи, но самото користење на флашираната вода не значи дека водата од водоводот не е квалитетна. Kвалитетот се следи на основа на законски и подзаконски акти во кои се лимитирано присуството на поедини компоненти. Тие се изведени од европските директиви, кои, пак, се донесени според критериумите на Светската здравствена организација. Водата се контролира во акредитирана лабораторија, а безбедноста на корисниците е гарантирана
Друго е прашањето за квалитетот на цевките. Сите вградени цевки во магистралните цевководи ги задоволуваат највисоките стандарди. Има еден мал дел азбестни цевки и кога се вградувани за нив важеле одредени прописи што ги задоволувале. Не е точно дека азбестот е штетен како материјал за транспорт на вода. Тој е штетен за човековото здравје кога е внесен во организмот со дишењето. Според критериумите на СЗО и ЕУ-директивите, како и според нашите законски и подзаконски акти, не е лимитирано влијанието на азбестот во водата, а муабетите се во границите на шпекулација.
Ќе се променат сите азбестни цевки
Бигорот во водата е структурна компонента што ја прави водата средно тврда. Точно е дека кога ќе се користи како техничка има одредени влијанија, но како вода за пиење нема никакви негативни влијанија, туку напротив. Во скопската вода има мало количество натриум, околу 10 мг/л, што ја чини добра за диети. Најголем доказ за исправноста на водата е што во последните 50 години при секое испитување не е променет ниеден параметар.
– Последната таква цевка е вградена во 1989 година. Во градскиот систем, кој има 1.310 километри, постоеја 90 километри азбест-цементни и поцинкувани цевки, а досега се заменети 70 километри. Годинава треба да се сменат 15 километри, а наша цел е да се променат 100 отсто од азбестните цевки.
Закочен е проектот за електронско отчитување на водомерите, за почитување на приватноста на граѓаните. За пет години заменети се околу 5.000, а треба вкупно 230.540, што не е ни два отсто од реализацијата. Ќе се забрза ли овој проект?
– За годинава се предвидени 30 милиони денари за овој проект со кој продолжуваме со забрзано темпо. Од 2008 до 2014 година се пуштени во мрежата околу 30 илјади водомери со можност за далечинско отчитување и околу 5 илјади кои далечински се читаат. За 2015 година се планирани 7.000 нови водомери кои далечински ќе се читаат, а во 2016 година би се купиле модули за монтираните 30 илјади и плус за тие 7 илјади.
ВРВЕН ПРИОРИТЕТ НИ Е ДА ГО НАПЛАТИМЕ ДОЛГОТ
Имате големи должници со милионски суми меѓу државните институции, приватните фирми и домаќинствата кои севкупно должат околу 50 милиони евра, заедно со утужените побарувања. Се намали ли долгот и како мислите да го наплатите остатокот? Kолку должат правните, а колку физичките лица?
– Наплатата на долговите на сите физички и правни лица го ставаме како врвен приоритет. За подобрување преземаме повеќе мерки, како подобрување на дистрибуцијата на сметките, зголемување на процентот на читање на водомерите, зајакнување на контролата на погрешното читање на водомерите и спорните и сомнителни состојби на водомерите. Ја промовираме можноста за добивање сметка за вода и смет по електронски пат, како и за пријавување состојба на водомерот на нашата веб-страница и можноста за електронско плаќање преку интернет.
*Интервујто е преземено од Дневник (ЛИНК) и го направи Јорданка ИвановскаСостојбата во „Водовод“ ја оценувам далеку подобра во споредба со фабриката за шински возила во Велес од каде што дојдов, но предизвици