Со добро познатиот слоган „Повелете комшија!“, денеска Скопски пазар отвори нов супермаркет од ланецот СП маркети во општина Карпош, на бул. Партизански одреди бр.106, во близина на трговскиот центар Лептокарија.Новиот СП маркет се простира на површина од 600 метри квадратни, располага со 5 каси и обезбеди вработување за 20 лица. Во својата понуда СП маркет Лептокарија располага со богат асортиман на производи за широка потрошувачка, свежо овошје и зеленчук, вкусни готови јадења од менито на Топлотека: салати, тестенини, месо, риба, домашни традиционални јадења и специјалитети од кујната на Ресторан 14, како и тазе печено пиле, свежо печен багет, леб и бели печива, и слаткарски производи.
Новиот СП маркет ќе работи од 07 до 22 часот (од понеделник до сабота) и од 07 до 20 часот во недела.
„Се надеваме дека новиот СП маркет ќе одговори на секојдневните потреби на граѓаните, пред се преку понудата на готови топли јадења, тазе печен леб и багет, се со цел да ги задоволат нивните барања за свежа, квалитетна и разноврсна храна по најдобри цени“, изјавија од одделот за маркетинг на Скопски пазар.Новиот СП маркет се простира на површина од 600 метри квадратни, располага со 5 каси и обезбеди вработување за 20 лица. Во својата понуда СП&n