Некогаш сексуалните фантазии се анализирале како фантазирање за валкан секс, а денес се тоа фантазирања за некоја десета личност додека во спалната се препотуваат со редовниот партнер.Компанијата за секс играчки Ен Самерс спровела истражување на 3000 луѓе со намера да докажат дека голем број на луѓе фантазираат за друга личност додека има секс со партнерот.
И успеале. Дури 57 проценти од луѓето имаат сексуални фантазии за сосема друга личност додека води љубов со некого.
Секако, најпопуларната фантазија е онаа за секс со поранешниот, за што фантазираат 40 проценти од луѓето.
„Фантазиите се бегство од реалноста и тие помагаат да се постигне што подобар оргазам. Жените сонуваат за она од што се плашат или за она што им е срам да го прашаат партнерот, додека мажите најчесто сонуваат за секс со бившата. Таа фантазија им ја крева самодовербата, бидејќи знаат дека во тоа добро се снашле“, се наведува во истражувањето.
Но, ни жените не заостануваат во фантазирањето за други мажи, за време на односите со партнерот. Тоа го прават 45 проценти од жените.
„По некое време и добриот секс станува рутина, а фантазиите го креваат либидото. Токму затоа, сексуалните фанатазии за некој друг не мораат да бидат нешто лошо“, се заклучува во истражувањето.Компанијата за секс играчки Ен Самерс спровела истражување на 3000 луѓе со намера да докажат дека голем број на луѓе фантазираат