Скорпијата се облекува секси, Бикот удобно…

Скорпијата се облекува секси, Бикот удобно…Овен
Црвената боја ќе ја видите во нивниот орман. Овенот сака секој да ја види неговата природа и во склад со тоа се облекува. Истото така преку облеката го покажува својот став кон светот. Остар, беспрекорен и самодоволен….
Бик
Сакаат пастелни бои, а црвената ја избегнуваат. Сакаат облека која е удобна и мора одлично да им стои. Жените сакаат цветни дезени, а мажите Бикови се перфекционисти- гледаат се да им одговара. Тешко на улица ќе сретнете жена без кармин или накит.
Близнаци
Важно им е како се облекуваат, но не се оптеретуваат со тоа. Сакаат накит, дури и мажите, пред се часовници.  Најмногу сакаат сива боја, црна и бела.

 

Рак
На Раковите не им е важно што другите  мислат за нив. Тие се во состојба постојано да го носат омиленото парче облека. Сакаат бела боја но и сина. Често носат ремени, накит и драгоцени камења.
Лав
Лавовите сакаат другите  да им се воодушевуваат и секогаш да бидат во центарот на вниманието. Најчесто тоа им успева. Сакаат крзно, злато, а облеката мора да им биде квалитетна, брендирана, често прескапа. Нивната коса е негувана без разлика дали станува збор за маж или за жена.
Девица
Овој знак е многу скромен. Ним им е важно се да е чисто. „Не фрлаат“ пари за скапа облека. Се облекуваат пристојно, во склад со годините. Сакаат детали па често носат чанти и накит.

 

Вага
Многу води грижа за облеката. Внимателно ги одбира парчињата облека, без разлика дали станува збор за дневни активности, одење во училиште или работа или пак вечерно излегување. Успешно ги комбинира сите бои.
Скорпија
Тие играат на сигурно. Црно, бело и кафено се боите кои со задоволство ги носат. Сака да изгледа провокативно, па се облекува во согласност со тоа. Се обидува со својот изглед да го привлече вниманието на околината.
Стрелец
Најчесто носат спортска облека, удобна и лесна. Дури и ако за другите не е добра комбинација, сепак Стрелецот својата облека ќе ја носи со гордост. Сака чанти, омилена боја му е : бордо, темно сина и зелена.

 

Јарец
На Јарецот облеката не му е воопшто важна. Често има неколку добри парчиња облека во кафена, црна и бела боја. Сакаат стар накит. Се облекуваат во склад со времето во кое живеат но и во склад со работата со која се занимаваат.
Водолија
Сакаат модерни работи, го спојуваат неспоивото. Одлично изгледаат и затоа другите секогаш се обидуваат да ги копираат. Важно им е што ќе облечат, а не она  што другите го мислат за нив. Треба да носат: сино, сиво, бело… Од накит обожаваат бело злато.
Риби
Носат облека во сите бои. Го носат она што другите никогаш не би го погледнале. Сакаат скапа облека. Долната облека им е многу важна. Во облеката мора да изгледаат убаво но и да се чувствуваат удобно.Овен
Црвената боја ќе ја видите во нивниот орман. Овенот сака секој да ја види неговата природа и во склад со тоа се облек

Пронајдете не на следниве мрежи: