Шкотските дестилерии се во шок откако вискито од Јапонија (single malt) е прогласено за најдобро виски на светот, пишува „Индепендент“. Експертот за виски, Џим Мареј, го опиша „Yamazaki Single Malt Sherry Cask 2013“ како пијалок „со скоро неверојатна генијалност“, доделувајќи му 97,5 поени од можни 100, во Светската Библија на виски за 2015 година.
Како шокот и навредата би биле поголеми за Шкотите, ова е првпат во Библијата на вискито, во текот на нејзиното 12-годишно постоење, меѓу првите 5 места да нема некое виски од Шкотска.
Мареј, кој ја нагледува публикацијата што тестира повеќе од 4 500 виски, смета дека резултатите претставуваат позив на будење на шкотските дестилерии и напоменува дека моментално не постои шкотско виски, кое би можело да се спротивстави на победникот од Јапонија.
Откако сам тестирал 1000 виски, Мареј тврди дека шкотската дестилерија се наоѓа во опасност да почне со испорачка на виски со просечен вкус и дека дојден е моментот на помала скромност.
Цената на едно шише Yamazaki изнесува околу 130 евра.Експертот за виски, Џим Мареј, го опиша „Yamazaki Single Malt Sherry Cask 2013“ како пијалок „со скоро неверојатна генијалност&ld
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.